Vladislav Bidikov – BLOG

25-09-2004

Напорен период (втор дел)

категорија: — Бидиков @ 12:22 am

Претпоставував дека вака ќе се случи, но тоа е кога човек има сесија на факултет. Последниве осум денови немам време да го видам што прави компјутерот, иако беше активен нонстоп. (среќа што MlDonkey имаше доста фајлови ставено за преземање па компјутерот беше искористен за некоја работа)
Ај тоа што не видов тастатура со прсти и не е толку страшно – страшно е што викендов нема да можам да одам во Битола на денот на слободен софтвер во Битола.

За да работите бидат уште позавркнати веќе три дена дома телефонот ми е во дефект од засега непознати причини, а „стручните луѓе од МТ“ уште не им е јасно што е проблемот – се нешто тестираат ама никако да истестираат. (на оваа тема очекувајте посебен текст веднаш штом ми го поправат телефонот)
Така јас видно нервозен вечерва решив да седам дома и да направам добар план за периодот после 28 кога ќе ми намали сесијата. Дома останав бидејќи низ Скопјео владее некој опасен стомачен вирус чии симптоми се непредвидливи и многу кратки – додека човек разбере дека има симптоми веќе е тешко болен легнат во кревет.
Епа толку пишување вечерва – морам да легнам порано зашто утре во 9 часот битка ќе бијам со монтерите на МТ.

No Comments

Нема коментари.

RSS feed for comments on this post.

Sorry, the comment form is closed at this time.