Vladislav Bidikov – BLOG

22-02-2009

Македонија рај за црвот наречен – Conficker

категорија: — Бидиков @ 2:10 am

Немам пишано подолго време пост на блогот – сметав дека нема доволно добра причина се до денеска.

Компјутерот на брат ми имаше неколку чудни испади минатава недела. Бидејќи домашната мрежа е доста обезбедена не се сомневав во можност проблемот да дошол преку интернет конекцијата, но сепак знаејќи колку виндоус ХП е небезбеден оперативен систем, сеуште главниот сомнеж беше дека станува збор за некој вирус. Следеа низа проверки и на крај го најдов виновникот – името му е Conficker и тоа најновата верзија B++.

На крај следеше моментот на ужас – најдов доста прецизен извештај како функционира вирусот и иако како програмер се зачудив и воодушевив од некои од алгоритмите кои ги користи вирусот – друг податок тотално ме изненади: во Македонија досега ИМА 52.385 (бројка од 21 февруари 2009) инфицирани компјутери со оваа напаст.

СТРАШНО!!! – Ова е причина плус зошто е добро користењето на Слободен софтвер!

П.С:
После точно 1 година ова е прв пост на блогот кој сега вози WP 2.7.1

9 коментари »

  1. Јас сум корисник исклучиво на слободен софтвер поради моите убедувања.
    Како таков, забележав во овој пост нелогичност.
    Слободниот софтвер не е нужно побезбеден, туку има помалку напади за него оти го користат процентуално мнногу помал број луѓе отколку другиот софтвер, кој е многу попробиен на пазарот. Едноставно, злонамерниците ќе се фокусираат на оној софтвер кој е пораспространет, оти со одредена единица труд ќе ги остварат своите намери кај процентуално поголем број компјутери.
    Внимавајте како аргументирате и градите теза, оти во овој случај и немате прописна теза.

    Comment од Trubacot — 22-02-2009 @ 10:51 am

  2. Драг трубач,
    Очигледно не си го проучил доволно документот кој беше посочен во мојот пост. Имено поголемата безбедност на слободниот софтвер доага од фактот што таму заедницата пружа доволно висико ниво на подржка во поправањето на некои грешки и придонесува за поголема стабилност на софтверот. Во линканиот документ се гледа анализата дека вирусот користи многу стар проблем во RPC системот кој и самиот Мајкрософт го поправил пред некое време, но сеуште повеќето корисници не го имаат инсталиранот бидејќи користењето на автоматскиот систем за поправки вод Микрософт сепак доведува до одредена нестабилност во продукциска околина.
    Затоа, мојата теза дека слободниот софтвер е побезбеден е сосема точна и издржана.

    Comment од Бидиков — 22-02-2009 @ 5:10 pm

  3. Ај белким ќе биде наредниот пост поскоро од година дена. 😛 :)

    Поздрав
    Јован

    Comment од Јован — 12-05-2009 @ 11:17 am

  4. Виндоус XP небезбеден? ЉОЉ? Абе ѕвер си бате, значи 90% од светов НЕБЕЗБЕДНИ се.
    sigh.

    Comment од pwn — 23-01-2010 @ 6:38 pm

  5. Њиндоус ЏП има толку пропусти што можам само на еден усер ако автоматски му инсталиран и му ја знам ИП адресата ќе му влезам преку ремоте конектион и сите работи ќе му ги украдам за половина час.Но тоа треба да биде онлајн.Јас сум за слободен софтвер зашто многу побрзо ќе научиш за компјутерски свет.Што е кернел,што е бафер и сите други работи што се неопходни да ги знаеш за компјутерскиот свет можеш да ги научиш повеќе ако го имаш кодот отворен пред тебе и го учиш и го надоградуваш.

    Comment од Њиндоус ЏП — 9-02-2010 @ 10:53 pm

  6. A lot of various persons get know the basic keys of literature term paper writing, but it doesn’t mean they are able accomplish supreme quality papers, nevertheless a media essay writing service would aid to accomplish the academic essay of high quality and improve writing skillfulness of some students.

    Comment од Oliviagh — 20-02-2010 @ 12:31 pm

  7. Various people in the world take the personal loans from various banks, just because this is easy and fast.

    Comment од credit loans — 14-06-2010 @ 11:27 pm

  8. I took 1 st loans when I was a teenager and it supported my relatives very much. But, I need the financial loan as well.

    Comment од loans — 31-07-2010 @ 3:44 am

  9. I cannot say for sure if Ive ever seen so many pretty news at one place. Thanks for wonderful post!

    Comment од Corbin — 22-09-2010 @ 8:10 am

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Остави коментар