Vladislav Bidikov – BLOG

21-02-2008

Што е новинарство?

категорија: — Бидиков @ 6:00 pm

Се обидувам веќе 2 дена да се воздржам од реакции кои потоа можеби ќе бидат оценети како „реакции од личен интерес“, но мислам дека чашата се прелеа.

Следниот пост е јавен апел до сите т.н „новинари“ – господа ве молам научете што значи новинарство. Мислам дека редно време е новинарите да станат навистина новинари затоа што како што гледам изминативе 48 часа во македонските медиуми имаме политичари, информатичари, доктори, економисти, правници, но изгледа ја нема основната категорија потребна за медиум – новинарот.

Наместо новинарите да пишуваат рекла-кажала треба да седнат зад удобното столче и пред да нашкрапаат некој „супер квалитетен новинарски текст за Пулицерова награда“ малце да ги истражат работите. ДОСТА читаме вистински небулози по медиумите и секоја чест за оние новинари кои одредени теми ги третираат со невидена хируршка прецизност со цел правилно информирање на читателите. Меѓутоа мислам дека процентот на вакви новинари е премал и генералната оценка на секој медиум дека над 90% е чист нон-сенс.

Примери за вакви „супер паметни новинарски статии“ има еден тон од сите теми на секојдневниот живот, а ретки се случаите кога новинарот пред да напише нешто ќе ги оскористи оние алатки кои му се на располагање (електронски бази на информации, архиви на други медиуми, Гугл, сајтови на релеватни институции и сл.) и веднаш почнува со генерализирања од типот: „… невладината организација Младите знаат… се појави одненадеш …“ – станува збор за организација која постои повеќе од една и пол година; „… акцелераторите со кои се зрачат пациентите имаат радиоактивен извор …“ – напротив акцелараторот во медицината работи на фотони/електрони т.е електрична енергија и нема радиоактивен извор; милион примери кога зборовите „интерконекција“ во телекомуникации беше применет дури и за технологија како WIMAX – за ова неможан да дадам коментар бидејќи е траги-комично; итн. итн. итн.

Значи наместо да трчаат во погрешни насоки, новинарите треба да почнат да посетуваат курсеви (како на пример оној кој го организираше метаморфозис пред неколку години за да ги едуцира новинарите за Интернет технологиите) и да научат како се прави истражување на одредена тема пред да се напише текстот (како што морам да им честитам на неколку македонски блогери кои според мене направија своите блогови да се поквалитетен медиум од 2/3 од македонските електронски и пишани медиуми – ќе оставам сами да се пронајдат во текстов) за на крај медиумот биде читан бидејќи целосно и квалитетно ја пренесол веста до потрошувачот – читателот.

За крај овој мој личен став ќе го завршам со една анекдотска мисла: „Младите знаат да оплескаат (и тука се возрасните да им укажат со правилен разговор), но “новинарите” знаат да УСЕ**Т (само за да нивниот медиум добие на читаност без притоа да внимаваат дали пишуваат вистини)“

За крај извинување на колегите од линукс планетата – они први ќе го прочитаат ова иако се најмалце должни! Се надевам дека Македонија ќе напредне во своите демократски процеси доволно за да во блиско идно време за секој нон-сенс искажан во медиум ќе може да поднесам граѓанска тужба за КЛЕВЕТА!

1 коментар »

  1. “Младите“ … знаат …

    Завчера беа организирани протеси од невладината „Младите знаат“ … поводот беше барањето да го промениме името … Требаше да се орган

    Trackback од волан — 21-02-2008 @ 7:54 pm

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Остави коментар