Бидиков - Блог 3.0
Конечно собрав сили да се зафатам со миграцијата на блогот на нов сервер. Причината беше најмногу пораки фактот што поради некои разни „безбедносни“ причини дел од опциите за администрација и најважно SpamKarma не работеа.
Миграцијата одеше брзо поради фактот што имав инсталирано додаток за правење на бекап од сите табели во базата па се се сведе на едноставна „увоз-извоз“ техника со елементи на „преземање-праќање“ на сите датотеки од блогов …
Бидејќи сега тоа е завршена приказна ќе може да пишувам нешто повеќе на блогов од вообичаено. Причини има повеќе: слободен софтвер, интересни случувања во областа на телекомуникациите со акцент на интернет, WiMax, мобилни и слично …
П.С: Има отворен конкурс за евентуален доброволец кој би сакал да удри 2-3 уметнички дела врз моменталниот изгледа на блогот - за награда ќе се договориме дополнително
No Comments »
Нема коментари.
RSS feed for comments on this post. TrackBack URI












