Vladislav Bidikov – BLOG

11-09-2004

Светкај ми светкај моја мила тастатуро!

категорија: — Бидиков @ 11:59 pm

Дома едната тастатура (онаа од линукс рутерот) ми дремеше потпрена на прозор. Кутрата таа, цело време потпрена без никаква функција, потемне од прашина. Бидејќи скоро и никогаш не ја користам, решив да и најдам некоја подобра примена.
Самиот рутер е на непрегледно место па неможам да ги гледам неговите сигнални диоди за оптеретување или мрежа па решив трите диоди од тастатурата да ги искористам за таа намена.

Прво мислев дека ќе мора рачно да го напишам кодот, но се сетив дека порано имав едно мало програмче кое при одреден евент ја трепнување диодата. Таман засукав ракави да почнам со кодирање кога репив претходно да видам што има ново на freshmeat.net и таму го видов решението за моите скромни барања!
Едното програмче го прикажување трансферот преку оредениот мрежен интерфејс на Num Lock и Scroll Lock додека другото според ритамот на трепкање го покажува оптеретувањето на серверот.
После 15 минути, јас задоволно си легнав во креветот и цела ноќ уживав во прекрасното трепкање на моето ново милениче – тастатурата!

No Comments

Нема коментари.

RSS feed for comments on this post.

Sorry, the comment form is closed at this time.