Vladislav Bidikov – BLOG

11-05-2007

Колку навистина ext3 може да ве спаси од губење на податоци ?

категорија: — Бидиков @ 11:50 am

Марфи рекол: „Left to themselves, things always go from bad to worse.“

Марфи згрешил кога станува збор за EXT3! Вчера бев сведот како повеќето хардверски компоненти после подолго непреќинато работење развиваам сопствена интелегенција и почнуваат да работат што они ќе посакаат.

Имаме класично сценарио – просечен компјутер, со просечни компоненти, инсталиран Линукс (EXT3 фајл систем)…

Компјутеров работи како саат 2 години и најчесто е изгасен само кога нема струја. Се беше супер додека пред 3 месеци не приметивме со едно другарче дека некоја компонента внатре дава чудни пискави звуци … Излезе дека хард дискот е во претсмртна агонија и некој (читај: јас) требаше да направи бекап на податоците – некои 200 МБ OpenOffice документи во случај ако дискот откаже да може користењето непречено да продолжи.
Нејсе, времето изминуваше и машината се повеќе и повеќе вриштеше – секој ден очекувавме да се случи неизбешното…

И тогаш се случи – дискот престана да врти, а податоците останаа заглавени. Еден колега кој имаше ист таков модел на умрен диск се нафати привремено да ја позајми електрониката за да ги извлечеме податоците (затоа што некој не стигна да направи бекап) и се беше убаво додека не дојде момент да пристапиме до фајл системот.
Имено, поради засега непозната причина линуксот иницирал проверка на дискот веднаш откако бил ресетиран – иако 100% сум сигурен дека за таква процедура при бутирање на машината треба да се притисне „Y“ или треба да има поминато поголем број денови (кој ги имав подесено на 1000, а компјутерот немаше поминато толку денови) и при тој процес електрониката не издржала и дискот откажал.

Остана отворено прашањето како од дискот вратен во живот за само неколку минути да ги извадиме податоците, а притоа да не мора да чекаме да помине проверката на партициите.
Единствена опција (поради неможноста да се закачи директно бидејќи од дискот висеа дузина жички) беше да се закачи дискот преку УСБ на друга машина на која имаше линикс па од таму да проба да се ископираат податоците.

Верувале или не тоа успеа – иако линуксот беше небутабилен и даваше куп пораки за грешки успеавме од EXT3 партицијата да ги копираме сите податоци (кои не се корумпирани) и покрај фактот што дискот претходно откажа додека врз него се вршеа активни читања и запишувања (односно се вршеше проверка за грешки)

Кога ми текна што ќе се случеше ако дискот беше NTFS и имаше Windows XP – одма почна да ме боли глава и да чуствувам мачнина во стомакот …

Значи заклучок – EXT3 е закон …. да видиме дали EXT4 ќе биде подеднакво добар 😀

6 коментари »

  1. Па што очекуваш ти да се случи кога си го оставил да умре до крај? Си знаел дека нешто не е во ред, не си превзел ништо (сосема непрофесионално) и сега се жалиш за тоа колку ЕХТ3 не чини??

    Немој молим те…

    И ако сакаш, да, можеш, да го поправиш. Т.е. ако знаеш. Бидејќи е слободен софтвер и кодот ти е целосно достапен.

    Поздрав

    Comment од gemidjy — 19-05-2007 @ 12:18 am

  2. Мислам дека баш приказнава е happy ending :) – сонлив с ибил кога си ја читал …

    Никаде не кажав (нит сум помислил да кажам) лош збор за EXT3 …

    Comment од Бидиков — 29-05-2007 @ 11:27 pm

  3. Trial Воскресение на диск :)

    Поздрав :)

    Comment од The Smahser — 2-06-2007 @ 11:10 pm

  4. Бидиков дали би можел да ми кажеш дали работи емјлот кој го има на гајтанлес страната за контакт..Сакам да те прашам нешто во врска со тоа. Поздрав и фала

    Comment од Игор Каревски — 19-06-2007 @ 10:42 am

  5. Ne, ama kontaktiraj me na ovoj: bidikov[AT]gmail.com

    Comment од Bidikov — 29-06-2007 @ 2:07 am

  6. I will recommend not to hold back until you earn enough money to order all you need! You should get the business loans or credit loan and feel comfortable

    Comment од MathewsIna — 24-05-2010 @ 3:32 pm

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Остави коментар