Vladislav Bidikov – BLOG

27-01-2007

Искуства од 3 месечното користење на Федора 6

категорија: — Бидиков @ 1:27 pm

Поминаа околу 3 месеци откако кај еден мој пријател на тест инсталирав Fedora Corе 6 во обид да пробам колку просечниот корисник може да се снајде на линукс оперативен систем во своите секојдневни активности (сурфање, проверка на пошта, гледање филмови, слушање музика и сл.)

Најпрво неколку забелешки околу процесот на инсталација – инсталацијата одеше сосема едноставно (бидејќи немаше dualboot потреба беше само кликање на Next, Next, Install) и буквално не ни стигнавме да го испиеме кафето а инсталацијата веќе заврши.

После првиот (и единствен ресет таа вечер) системот се подигна и се беше во најдобар ред – целиот хардвер работеше (звучна, кабелски интернет, усб уреди, принтер, …) единствено недостасуваше подршка за неколку аудио и видео кодеци како и драјверот за графичката карта – работа која се среди за неколку минути благодарение на одличните упаства кои можат да се најдат на интернет и една алатка за графичка инсталација на дополнителни пакети и драјвери (на која за жал во моментов на пишување на текстот не ми текнува – ќе ја допишам дополнително)

Од тогаш еве скоро 3 месеци корисникот без проблем ги извршува сите свои редовни активности кои претходно ги правеше на Windows и нема апсолутно никаков проблем.
Единствената лекција која мораше да ја научи е опцијата „Save As …“ во Опенофис за да може на остатокот од светот да им праќа документи во MS Office формат.

Според она што можам да го заклучам е дека за т.н Home/Small office употреба линукс дистрибуциите веќе стануваат навистина зрели и многу прифатливи за секој корисник без разлика на неговото ИТ знаење – единствена област во која сеуште ситуацијата е доста сива е областа на компјутерските игри …

Секако ова лесно би се променило доколку излезе WOW за линукс – нели :)

6 коментари »

  1. pa instaliraj mu wine

    Comment од Maki — 27-01-2007 @ 4:20 pm

  2. Мој другар мигриран на GNU/Linux играше Warcraft на Fedora Core 3, значи.. значи.. тс тс.. Инаку дистрибуциите се одамна зрели за секој корисник. Знам еден куп нон-ИТ луѓе што користат Ubuntu уште од Breezy.

    Comment од Арангел — 27-01-2007 @ 4:37 pm

  3. Мојата девојка (фармацевт) користи Федора уште од Федора Кор 2 (веќе 3 години?) и до сега немала никаков поголем проблем. Најчесто слуша музика, гледа филм, пишува некои документи во ООо… Секојдневни работи…

    Comment од Александар — 27-01-2007 @ 5:00 pm

  4. Единствен проблем на кој наидов при барањето на крајниот корисник за употреба на Линукс беше Skype со видео поддршка. Знам дека има алтернативи како Ekiga (која изгледа одвратно), но кога крајниот корисник вели дека сака Skype со видео поддршка, тој тоа го мисли и нема да ве остави на раат додека не му го реализирате барањето.

    Друго, се било во ред. Девојка ми, брат ми, другари, роднини итн…сите се задоволни 😉

    Comment од gemidjy — 27-01-2007 @ 6:35 pm

  5. Fedora е супер дистрибуција. Само ако почнеш да ја чепкаш, дури и по малку, одма се руши. Друго се е супер. Има неколку работи кои ме вадат од такт на Федора ама многу ја сакам, ако е таква.

    А и да не се жалиме за Skype, ни Skype за Mac OS X (се чита Мек ОС Тен!) нема видео поддршка. Јас затоа користам OpenWengo. Сите роднини од странство ги префрлив на ова.

    Инсталацијата на Федора и Убунту се најлесни, полесни и од на Windows XP :).

    Comment од Стојанче — 27-01-2007 @ 7:39 pm

  6. Епа ај и јас збор два. Како и сите ваши роднини/пријатели така и јас ке наведам еден случај. Kanotix кај другар од средно кој слуша музика , сурфа по интернет , филмови , режење , мсн , ирц итн итн. Презадоволен уште од првиот ден од брзината , сигурноста и се разбира стабилноста. Единствен проблем кој претставуваше беше се додека не излезе flash 9 подршка , па не можеше да ги игра нели оние едноставни игри. ГНУ/Линукс може да користи секој ! :)

    Comment од cyberbaze — 28-01-2007 @ 4:00 am

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Остави коментар