Vladislav Bidikov – BLOG

18-10-2006

Употреба на слободен софтвер во училиштата – Давид против Голиат?

категорија: — Бидиков @ 2:18 pm

Знам дека со самото објавување на овој текст веднаш ќе бидам ставен на нож од страна на повеќето жители на планетата и другите борци за Слободен Софтвер, но чуствувам морална одговорност да ја кажам вистинската приказна за тоа што се случува при обидите за употреба на слободен софтвер во едно средно училиште.

Приказната се случува во средното училиште „Раде Јорвчевски – Корчагин“ изминатите четири години, а започна некаде во 2002 кога започна инсталацијата на новата компјутерска мрежа (донација од УСАИД) и активирањето на новиот кабинет по информатика (донација од Н.Р Кина).
Тогашните имплементатори на проектот се договорија освен инсталација на WinXP (кој дојде со секој дониран систем како OEM верзија) да се понуди и алтернативен оперативен систем (во нашето школо беше инсталиран Mandrake Linux 9). Истовремено беа инсталирани и неколку популарни програми како Mozilla Firebird (сегашен Firefox), OpenOffice 1.0.2, Gimp и сл.

Меѓутоа, проблемите се појавија уште во првите месеци на употреба на компјутерите од повеќе причини:

  1. Учениицте не ги користеа програмите под Windows бидејќи не им беа познати, а немаа литература на македонски јазик
  2. Учениците скоро и не пројавуваа интерес за употреба на Линуксот, а најчесто кога некој ќе го бутираше поради несоодветната околина (читај: root привилегии) најчеста жртва беше хард дискот и потоа тој компјутер не беше на располагање за време на наставата
  3. Несоодветно подесените оперативни системи целосно го загрозуваа наставниот процес и беше значително отежнато правилното изведување на наставата по математика

После неколку неделни договори помеѓу професорите, одговорните лица во училиштето, и луѓето одговорни за одржување на кабинетот и мрежата беше донесена тешка одлука – да се реинсталираат сите машини со WindowsXP и да се инсталира систем за контрола на привилегиите и систем за презентирање на наставната материја.

После овој параграф очекувам да фрлате по мене со дрва, камења, компјутери и слично, но сепак мојата одлука е исправна од причина што во програмата по предметите од областа на информатиката во РМ во моментот исклучиво се учат и предаваат програми под Windows платформа, а за слободниот софтвер не станува ни збор.
Тука постои едно многу поважно прашање – што е подобро: учениците да талкаат на часовите користејќи програми за кои немаат учебници и притоа целосно да го уништуваат и така тешко набавениот хардвер во кабинетите по информатика, или да бидат малку ограничени во своите права за време на наставата, но целосно и успешно да го совладуваат градивото.
Мојата одлука е за второто и тој став мислам дека е сосема исправен и оправдан.

За да не бидат оштетени оние ученици кои сакаат да научат повеќе и кои пројавуваат дополнителен интерес, во училиштето има секција по информатика која освен што работи на популарни теми од областа на информатиката како: веб дизајн, програмирање, слободен софтвер, хардвер и сл., истото го прави на десетина постари компјутери кои со помот на Linux Terminal Server проектот се сосема употребливи за овие активности. Ова е можно бидејќи сите сервери (моментално се пет на број) во школото седум години беспрекорно работат на линукс, а нив ги одржуваат ученици од прва до четврта година! Меѓу другото, овие сервери ги вршат и функциите на: веб сервери, DNS сервери, STORAGE сервери, рутери и сл…

Ете, тоа беше „големата завера за бришење на Линуксот“ во Корчагин, која ја направи „предавникот“ иако истиот тој човек активно учествувал и ќе учествува во сите активности на ОССМ и бил еден од најактивните (најдобар??) преведувач на изминатите два преведувачки маратони.
Ако текстов го прочита некој од дечките на Лугола би Ве замолил да ми кажете каква е вашата политика за зачленување на луѓе надвор од Битола бидејќи имам чуство дека таму има далеку подобра клима за работа одошто овде ….

16 коментари »

  1. Кога веќе си одлучил да блогуваш за ова.

    Учениците од РЈК рекоа дека нема линукс машини во училиштето. Ако има линукс машини, тогаш супер. Во последен момент можеме да ја изорганизираме посетата на гостите од УНДП Албанија кои меѓу другото сакаат да видат училиште во кое на некој начин се користи линукс.

    Така што, Бидик, зборни со професорскиот кадар и види дали може на 26 (другиот четврток) да има една посета, не многу долга (околу 1 час – помеѓу 11 и 15 часот). Ако е возможно, да седнеме некаде и да се договориме за деталите.

    Comment од Новица — 18-10-2006 @ 5:32 pm

  2. Утре ќе зборам со професорите, и ќе видам дали е можно да се организира посетата за наредниот четврток за гостите од Албанија. Ќе те контактирам веднаш што имам информации, иако малце до сабота сум доста со обврски во мојата агенда – сепак ќе се организирам некако да седнеме и да се видиме …

    Comment од Бидиков — 18-10-2006 @ 6:02 pm

  3. За наставната програма, од каде ти е информацијата дека треба да се обавува настава само под Windows платформа? Дали може да ми дадеш извор или цитат од програмата?

    За заверата за која спомена, Лугола имаше акција која се викаше „Не го убивај мојот пријател“ со сликичка од главата на Tux. Беа испратени писма до речиси сите професори во средните школи, освен таму каде преставниците одбија да достават поради свои причини, како и да е, наидовме на непослух од професорите и како и обично не бевме повикани (како што понудвиме) да ги вратиме системите во првобитната состојба. Тоа што Линукс нема по школите е проблем на професорите, тоа што не знаат учениците да работат со него, е проблем на професорите исто, тоа што ти сметаш дека тоа што го направија е оправдано…хрм, лоши аргументи, пошто се побиваат со ова претходно што го споменав.

    Видете што можете да сторите, па да се делува. Супер што ја начна темава, и никој нема да фрла со камења и компјутери по тебе, ова се блогови каде можеме да кажеме што сакаме, се додека не се појави некој да се обиде да не спречи во тоа.

    Comment од gemidjy — 18-10-2006 @ 7:52 pm

  4. Бидиков ја веќе еднаш ти реков дека си фејкер тежок. Што ако си бил nr.1 преведувач коа си нанел сто пати поголема штета со инсталирање на оперативен систем кој што е неслободен софтвер во средно училиште – нема оправдување за тоа, теши си се со што сакаш АМА си направил погрешна работа. РМС ќе добие инфаркт да чуе дека so-called поддржувач на слободен софтвер го направил ова…

    Знаеш што би направил вистински линуксаш? Би им рекол бутнете си ги виндоусите у гз, im outta here. Секој може што сака да праи со/у својот живот.. и што си напраил ти?

    Немој да се налутиш сеа, ти кажувам што мислам ја само, нејќам да се тепам или нешо.. и ако сакаш да се те слушам како се правадаш секогаш моеш да ме частиш пиво. :)

    Comment од ufo — 18-10-2006 @ 8:48 pm

  5. @gemidjy:
    Деновиве ќе ги објавам наставните програми и ќе видите дека е јасно напишано – да пишува програм со точно „име и презиме“, иако знам дека и порано имаше обиди и сега ги има за да се смени тоа во „програм на располагање на училиштето“, но и ова нема да го реши проблемот се додека не излезат учебници.
    Нели ?

    @ufo:
    Дечко мислам дека ти треба професионална помош, изгледа новото работно место ти влијае… нејсе како можеш да паднеш толку ниско и да обвинуваш поединец (мене) за нешто што беше одлучено од група (одговорните во школото, ученици, други имплементатори) па уште и да даваш совет во стилот ако не ти се допаѓа кажи им чао! Извини ама јас не сум човек кој ќе се откаже од своите цели поради една пречка на патот – ако си ти таков те молам не дели лоши совети на другите!!!
    Совет за тебе: што побрзо сватиш дека со глава ѕид не се турка толку побрзо ќе успееш во животот!
    Засега ситуацијата е таква што сепак е многу рано да влезе линуксот во македонкиот образовен систем – инаку чим ќе се створат услови за тоа јас прв ќе го имплементирам тоа (најверојатно во Корчагин), како што го правев и досега. До тогаш, на темава нема што јас и ти да разговараме бидејќи не гледам ниеден валиден аргумент …

    П.С:
    Воопшто не сум ти лут ни на тебе ни на било кого, отсекогаш сум прифаќал издржана критика, но само ако критиката е издржана со факти.

    Comment од Бидиков — 18-10-2006 @ 9:24 pm

  6. Еве факти:

    Факт1: Бидиков го избришал оперативниот систем GNU/Linux.
    Факт2: Бидиков го инсталирал неслободниот оперативен систем Windows.

    Бидиков тврди дека не се откажува он од одма, ќе го врати Linux-от на хард дисковите од кои што веќе го избришал и го заменил со Windows, ама кога ќе се створеле услови за тоа.

    Ако ова звучи нормално тогаш ќе побарам професионална помош, ама ако бидеме сме малце реални треба да си признаеш дека продаваш муда за бубрези, да почнеш да учиш што значи да бидеш самокритичен и да ги признаваш грешките кои што си ги направил.

    Бидиков инсталирал Windows и го избришал Linux-от на сите машини во Корчагин АЛО ЕЈ! Каде бе?

    ПС Остај тоа, плус шо си пиче и нејќеше да признаеш дека си го напраил тоа прв пат коа ти спомнав, пиче си, пи-че. :)

    Comment од ufo — 18-10-2006 @ 10:56 pm

  7. @Бидик: А ти тоа си го сторил?

    Comment од gemidjy — 18-10-2006 @ 11:00 pm

  8. А, сега видов дека си го уредил постот и повикуваш некој од Лугола да се произјасне. Да, може да се зачлениш во ЛУГ-от преку веб страната (прочитај го последниот пост на http://www.lugola.net имаме некои проблеми последно време), но мора да разјаснеме некои работи…

    1. Како тоа сам се прогласуваш за најдобар преведувач? Супер штом си имал учество во активности на оССМ, сите сме имале, но никој не се самопрокламира со ниво на сработено

    2. Зошто не ги одби кога ти понудија да го сториш „тоа“? Ме интересира, со оглед на тоа што не знам колкав си, дали си ученик таму или вработен па наплаќаш, дали мотивот беше повисока оценка или пари, па си ја оштетил заедницата на начин против кој Лугола имаше покренато целосна акција за тие што ги кинат дистрибуциите од компјутерите во школите.

    Се надевам има логичко објаснување.

    Comment од gemidjy — 18-10-2006 @ 11:06 pm

  9. @gemidjy:
    Постов не е едитиран откако е објавен, прашањето до Лугола беше поставено од првиот момент, нејсе еве ти ги одговорите што ги бараш …

    НЕ, тоа јас не сум го сторил „ТОА“, мојот „грев“ е во фактот што бев едноставно надгласан (од осумте присутни), а потоа се крена непотребна прашина за ништо т.е за нешто што јас сум го сторил (иако јас не се сеќавам кога последен пат сум земал WinXp во рака) ….

    Иначе, јас веќе 4 години не сум ученик во РЈК, и бесплатно ја одржувам мрежата и серверите на школото (кои работеле целиот свој живот на линукс) и јас сум тој кој издејствува да се состави посебен кабинет на кој ќе се користи исклучиво линукс… Значи неможам да имам корист од правењето на „ТОА“ …

    Иначе, околу моето „самопрогласување“ ако ме држи сеќавањето постоеше еден пост на групата во кој беа прогласени најдобрите преведувачи (ми следуваше и награда маичка као не се лажам, која никогаш не ја ни подогнав бидејќи доволна сатисфакција ми беше фактот што сум учествувал на маротонот)…

    @ufo:
    Немам намера да признавам нешто што НЕ СУМ ГО НАПРАВИЛ.
    Ова е последна моја раплика на твоите коментари на постов. КРАЈ.

    Comment од Бидиков — 19-10-2006 @ 1:19 am

  10. Зашто им се дозволувало на учениците да се логираат со супер-корисник? Што ги спречува истото да го прават и во Виндоусите ако се логираат со администратор?

    Зашто се потрошило енергија да се оспособи Виндоус, а не да се стори истото и со Линуксите?

    Comment од Глиша — 19-10-2006 @ 9:54 am

  11. Не сум запознат со кокретна случка освен од овие постови и од твоите одговори разбрав дека ти не си учестувал во бришење на Линукс и поновна инсталација на Виндоусите… Ениху, прочитај преписка во која учествуваа The De Raadt (OpenBSd), RMS (FreeSoftwareF) и Red Hat/OLPC (One Laptop Per Child) екипа и можеби ке ти биде појасно зошто те нарекуваат „предавник“.

    http://www.theos.com/deraadt/jg

    Comment од The-spiki — 19-10-2006 @ 2:53 pm

  12. Овој е интересниот параграф
    „После неколку неделни договори помеѓу професорите, одговорните лица во училиштето, и луѓето одговорни за одржување на кабинетот и мрежата беше донесена тешка одлука – да се реинсталираат сите машини со WindowsXP и да се инсталира систем за контрола на привилегиите и систем за презентирање на наставната материја.“

    Бидик, зошо не побара помош во донесувањето на одлуката? Можевме да спремиме презентација во која ќе им се објаснеше на сите зошто слободен софтвер е подобар и како да го користат. Не верувам дека сето тоа што денес го прават на Windows не може да се направи и на Linux (под а), а плус што под Linux може да се прават и многу други работи.

    Конечно, постојат начини кои ем ќе им овозможат на учениците целосна слобода (вклучително и root access) што значи шанса многу повеќе да научат, ем после секој час (или еднаш дневно) PC-то да се враќа во првобиртна состојба – целосно автоматизирано.

    Comment од дамјан — 19-10-2006 @ 6:15 pm

  13. Абе остајте го Бидиков, глеате дека он јавно се огради од масакарот. :)

    Comment од ufo — 19-10-2006 @ 9:16 pm

  14. @ Глиша:
    еве зошто мора да биде со рут привилегии
    http://www.theregister.co.uk/2006/02/24/bofh_2006_episode_8/

    😉

    Comment од misa — 24-10-2006 @ 1:29 pm

  15. Ај бам да направ на постов.
    Ако не зимаш пари зошто си морал да реинсталираш вин?
    Проблем со рут, тоа е техничко прашање и може многу лесно да се реши.
    Самато тоа што не си се консултирал со оссм и лугола значи дека си испаднал нефер кон заедницата, и после се предавник нејќеш да те викаат, и ако не можеш да помагаш не расипувај.
    ОК

    Comment од Maki — 24-04-2007 @ 9:22 pm

  16. Од исти причини што FSF не успеаа да го сопрат потпишувањето на договор помеѓу владата на РМ и Microsoft. Се шегувам :)

    Еве како тоа отприлика изгледа од “професорска” перспектива:

    *Ученикот* што добил привилиегии да инсталира слободен софтвер на некои машини во РЈК добил и обврска да ги одржува, и додатно безусловни окови да го направи тоа на начин што ќе им “изгледа познато” на сите. Вклучувајќи наставници и директори, кои се сметаат и ќе се сметаат себе за авторитети, бидејќи 4 години на тој човек (и на други луѓе “слични на него”) му “солеле памет”.

    Ние сме го образувале него, нема он да каже што е најдобро. Напрај го ти вака.

    Нема да го напраам.

    Ќе најдеме друг што ќе го направи.

    итн.

    Ај сега спореди го тоа со преписката за драјвери за One Laptop Per Child и ќе сфатиш дека двете работи немаат врска. “Преговарачката позиција” е далеку поинаква. По слична (иако не до тој екстрем) на онаа Влада на РМ VS FSF. Со тоа што мотивот не лежи во пари/моќ туку во авторитет.

    Тоа со презентација која ќе биде составена од “постари” (во очите на професорите) луѓе, мислам дека би функционирало :) Само што е веќе касно.

    Да не се фаќам за зборови, ама:

    Цитат: “Ако неможеш да помагаш не расипувај.”

    Од кај овоа па сега? Чив став е ова? На некој што не праи ништо од страв да не расипе било што? Ако те навреди претходнава констатација, зачувај си го бам-от за тогаш кога ќе биде навистина потребен.

    Не е доволно да “не расипуваш ако неможеш да помагаш”.

    Бидик, идеме јас и ти во РЈК некој ден да видиме што се случува. Или пошто сега е веќе лето, идеме на кафе комплет со новите дизајнери и кодери на страната. Оноа “сајтот е во процес на надградба” ме вади од такт. Ако им треба време да направат нов сајт на новите дечки, нека не мрчат за тргање на стариов (барем додека не го направат новиот). Цел PHP код им е на располагање. Мада полесно би им било да почнат одново со Ruby on Rails.

    Comment од Spion — 26-06-2007 @ 7:30 pm

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Остави коментар