Vladislav Bidikov – BLOG

20-07-2006

Македонскиот забавен интернет простор

категорија: — Бидиков @ 2:14 am

Се започна пред неколку години – на македонскиот интернет простор почна полека да никнуваат сајтови со забавна содржина…

Започна со Он.Нет, Опасна багра и нејзиниот форум, потоа се појави Идивиди итн. итн. итн.

Помина подолго време, а бројот на вакви сајтови полека стануваше се поголем и поголем – се појавија Кајгана, нејзиниот форум и Точка … за на крај да се појави Блогерај

За неколку месеци се појавија многу слични сајтови во обид да се копира овој или оној – на крај се создадоа премногу раштркани форуми со раскарани администратори, со еден збор – хаос

Вчера за само 7 минути успеав да дојдам до следниве за жал доста бледи копии на гореспоменатите сајтови (и кон истите нема да поставам линкови бидејќи сметам дека така ќе им ја зголемам популарноста :) )
Знаете што е најстрашното – овие сајтови најчесто користат „дизајни“, теми, и системи кои се – или слободен софтвер или софтвер за кој комерцијално се плаќа – но на кој „стручно“ му се отстранети сите информативни делови кои сугерираат на истото.
Тоа значи дека сопствениците на тие сајтови кршат еден куп авториски права – се надевам дека наскоро ќе бидат казнети оние кои тоа го прават спротив законите и новиот КЗ.

Во продолжение следуваат некои од нив (во апсолутно случаен распоред):

  • http://www.sokol.com.mk/forum
  • http://www.prespasky.com.mk/
  • http://www.digimak.net/
  • http://forum.urnebes.com.mk/
  • http://www.alibi.com.mk/
  • http://te.com.mk
  • http://www.zastani.com/
  • http://www.zevzek.com.mk/
  • http://tirekovmirece.com/
  • http://www.epp.com.mk/epp/
  • http://www.epp.com.mk/
  • http://motika.com.mk/forum.htm
  • http://motika.com.mk/
  • http://www.bloger.com.mk/
  • http://forum.marifet.com.mk/

Ах, кога би имало олкав број на квалитетно дизајнирани сајтови на фирми, владини иституции, е-сервиси и слично – интернет просторот во РМ би бил далеку подобар и побогат. Останува да се надеваме дека наскоро и тоа ќе се случи – сепак надежта умира последна …

Пријатни летни денови (одмори или замори) и се читаме во Август …

14 коментари »

  1. > Тоа значи дека сопствениците на тие
    > сајтови кршат еден куп авториски права

    на пример? кажи барем едно авторско право кое се крши од барем еден сајт?

    Comment од дамјан — 20-07-2006 @ 2:43 pm

  2. Долните сајтови најчесто користат нелегални верзии на софтверите за форуми и портали или слободен софтвер кој е прикажан како нивна креација без да биде објавен изворниот код што е кршење на GPL лиценцата.

    Comment од Владислав Бидиков — 20-07-2006 @ 3:14 pm

  3. Тоа е истиот Бидиков што требаше да прави ftp на кајгана и кој мистериозно го снема на сред работа?

    Comment од koren — 21-07-2006 @ 1:47 am

  4. Читајќи го твојот блог кој што ми наликува дека го пишуваш пристрасно можам само да коментирам на она што се однесува на мојот линк. Марифет е SMF Simple Machines Forum, тој е Php Бесплатен пакет, не се кршат Никакви права, напротив сите компании кои што имаат удел во изработка на форумот се оставени и НЕ СЕ тргнати баш од таа причина. Жално е што денеска секој може да отвори ваков блог и да тресе зелени од сличен тип. Жално е тоа што немаш појма што збориш, очигледно е дека немаш никакво познавање за тоа што си се решил да го пишуваш. Подобро збори за порталите и форумите кои што легално мораат да се платат а сепак се користат пиратски верзии од истите. И за крај, пред да тресеш зелени, те молам информирај се што е бесплатен софтвер затоа што со овој текст, можам комотно да те тужам за клевета, направен е и print screen од твојот блог, за во иднина да пазиш што зборуваш јавно, дека за разговор неиздржан со аргументи следува тужба.

    Поздрав,
    moTaro

    Comment од moTaro — 21-07-2006 @ 1:49 am

  5. Мотаро, кој дел од зборот најчесто не го разбираш – јас НЕ реков дека СИТЕ сајтови што се наведени користат нелегален софтвер.
    Секоја чест на исклучоци!
    Искрено после длабинското разгледување на твојот форум сметам дека има добра иднина – можеби и подобра од тој на Кајгана, но останува времето да покаже.

    Корен, датоа е истиот Бидиков – и фтп-то на кајгана како код е спремно, но поради некои проблеми со хостингот сеуште не е функционира.

    Comment од Владислав Бидиков — 21-07-2006 @ 11:25 pm

  6. убаво те прашал дамјан, кажи барем 1 (едно ) авторско право каде е прекршено од барем 1 (ЕДЕН) сајт од тие што си ги навел во твојота девијантна листа. Ако немаш ниту едно за барем еден сајт, тргни ги сите. Ако имаш, повели аргументирај!

    Comment од motaro — 24-07-2006 @ 10:29 pm

  7. Еве мотаро, да ти аргументирам … за тоа дали има докази и примери – секако дека има – еве ти неколку совети кон тоа поле па повели направи си сам истражување: забрането е користење на PHPBB ако врз истата се извршат модификации така што нема да се прикажува долниот таг во кој пишува за кој софтвер станува збор, исто така забрането е користење на комерцијални солуции кои се набавени по нелегален пат – кои сајтови го кршат ова правило ќе мора сам да си бараш бидејќи сметам дека непотребно ќе се потроши време на работи кои не го заслужуваат тоа.
    Поздрав и немој да ги сваќаш работите толку лично.

    Comment од Бидиков — 5-08-2006 @ 9:52 am

  8. Kaj si be ti?!? Sega slucajno si setkav po internetov i tvojot blog go vidov? So ima novo? So pravi ivana? Jas sum u mk uste 2 nedeli pa javete se!

    Gole!

    Comment од Gjorgji — 11-08-2006 @ 3:53 pm

  9. Bidikov ako mozes na blogot da stavis i nesto za wifi

    Comment од WIFIman — 22-08-2006 @ 12:34 am

  10. Значи навистина говориш работи без да имаш поткрепа за тоа. Многу сакам да ми кажиш каде на http://www.zastani.com виде дизајн и скрипта која е земена нелегално? Целата страна ја правев јас со посебни пхп скрипти кои генерират хтмл код. Се сум пишувал јас и сега ти обвинуваш без докази дека имам крадено скрипти.

    Comment од lukumce — 29-08-2006 @ 12:45 am

  11. Bidikov, a kajgana forumot ne gi krsi avtorskite prava so toa shto nema staveno dole verzija na vBulletin, a?

    Comment од Dare — 23-11-2006 @ 10:57 pm

  12. Не ми се верува дека ТИ најде да зборуваш. ТИ кој воопшто и не си успеал да направиш нешто, туку користиш блог кој го даваат на малите деца да има каде да ги изразуваат своите „сакам да пораснам“ желби. Не ли ти е срам? Повеќето од тие што се наброени, го трошат своето време, без било каква комерцијална употреба, значи придонесуваат барем малку да има што да се погледне, а без за тоа да им биде платено. Или битно ти е да се напише нешто. Смачено ми е од такви како тебе.Ама не вреди ни да го трошам времето со тебе, бледа копијо на сите останати милиони блогераши.

    Comment од epp — 12-12-2006 @ 3:22 pm

  13. http://www.hopcup.net/forum

    Ova e uste eden nelegalen(piratski) forum. Nema licenca. Vo sekoe vreme moze da bide suspendiran.
    Moram da kazam deka bas e dobro da se ima edne vakov blog.. Super ti e se.. Prodolzi vaka.. 😉

    Comment од xXx — 31-07-2007 @ 12:22 pm

  14. A i da se krsat tie prava tebe za shto bi ti smetale pa navlagash tuka vo polemiki za koj ti ne si zadolzhen ?

    Comment од lood — 6-12-2008 @ 7:45 pm

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Остави коментар