Vladislav Bidikov – BLOG

6-09-2004

Кога се друго ќе откаже – ЛИНУКС продолжува да работи

категорија: — Бидиков @ 5:49 pm

Си беше еден стар двопроцесорски систем кој работеше долго време на Windows 2000. Минуваше времето и полека почна хард дискот да дава претсмртни знаци. Почнаа плавите екрани и веќе неможеше да се стартува Windows 2000.
Мислев деќа нема спас за хард дискот, но решив да се обидам да инсталирам Линукс.

Инсталацијата траеше онолку колку што трае на свежо отпакуван хард диск. После успешната инсталација системот се стартуваше молскавично брзо. Причината за ова лежи во фактот што линуксот правилно ја распореди работата на двата процесори истовремено.
Чудните звуци кои ги испушташе дискот додека работеше на Windows ги снема.
Откако помина првичното изненадување – решив да го оптеретам системот да видам дали ќе успеам да го закочам. Пуштив цел куп сервиси и почекав. Ништо – после 6 часови сеуште системот беше активен. Потоа решив да пренесам фајл од еден гигабајт преку FTP и повторно да го преземам преку HTTP. Перформансите на системот беа одлични. Скоро 2 пати побрзо завршија трансферите.
На крајот ги поставив сите сервиси, односно нивните Линукс алтернетиви, кои ми беа на стариот сервер и го ставив на место каде што е подалеку од очите на гостите на мојата соба.

Поминаа 36 дена – системот сеуште не се закочил. Поминаа 36 дена откако последен пат го слушнав страшниот звук на механика на хард диск кој откажува.

Системот кој беше во претсмртна агонија продолжи да живее.
Како заклучок од ова патешествие решив: НИКОГАШ НЕМА ДА СТАВАМ WINDOWS НА МАШИНА КОЈА ТРЕБА ДА БИДЕ СЕРВЕР!!

1 коментар

  1. kako i jas da go najdam Linux stom e tolku dobar daj pomogni mi.

    Comment од Toshe Micevski — 14-09-2004 @ 12:04 am

RSS feed for comments on this post.

Sorry, the comment form is closed at this time.