Vladislav Bidikov – BLOG

17-11-2005

Битката со МТ е добиена (барем за мене)

категорија: — Бидиков @ 10:20 pm  (Mood: cool)

Според она што го добив денеска, по се изгледа дека ова е последниот пост на оваа тема за подолг временски период. Исходот од борбата со МТ и неговиот обид да продава осакатена АДСЛ услуга за многу повисока цена од реалната е добиена (барем во мојот случај) …

За да бидам сигурен дека ќе се сеќавам на овој успех (и ќе уживам во мирисот на победата) ќе направам куса хронологија на мојата битка. (н.з: Се надевам дека Уфо нема да ми се налуди за долгиот не-Линукс пост)

Се започна на 30.09.2005 кога МТ во Дневник го објави својот оглас за промената на начинот на тарифирање. Овој момент веднаш го објавив во мојот блог истиот ден заедно со скенираниот исечок од весник и најавив реакција

Реакцијата пристигна на 09 Октомври – преку испракање на малку модифицирана верзија (поради една мала специфичност на мојот случај) на приговорот кој можеше да се најде на сајтот на р-ЕВОЛУЦИЈА со кој побарав одговор од МТ на неколку прашања околу АДСЛ-от.

И баш кога очекував дека битката е добиена – доживеав мал шок …
Имено, на 28.10.2005 (неколку денови откако МТ ја „прошири“ својата понуда на АДСЛ паќети) го добив одговорот прикажан подоле на сликата, во кој ми беше објаснето дека за мене ќе важат старите услови (намалување на брзина) и дека откако сум го повлегол своето барање за раскинување на АДСЛ (што уствари никогаш не го имав поднесено) во разговор со нивни вработен (во кој разговор бев информиран дека наскоро ќе добијам одговор на мојот приговор) сега можам да уживам во „сакатиот“ АДСЛ кој после 4ГБ ќе има „неверојатна“ брзина од 64/64 …

(слика на одговорот на МТ на мојот приговор)
Одговорот на МТ

Откако направив мали консултации со мојот адвокат одлучив да применам мерки на дополнителен притисок кој ќе ми овозможат да го раскинам договорот …
Имено, истиот ден кога поднесов ИЗВЕСТУВАЊЕ до МТ во кое им порачав дека сметам дека го раскинале договорот (повторно подготвено од сајтот на р-Еволуција), поднесов и приговор на нивниот одговор на мојот првичен приговор (оној кој тотално не соодветствуваше со мојот приговор). Пригиворот го составив во самиот салот преку нивните форми за приговор и во него нагласив дека како прилог го доставувам истото известување (секако нагласувајќи под кој архивски број е заведено).
Ова се случи на 10.11.2005 и според нивните рокови според кои имаат 15 дена писмено да ми одговорат, ми оставаше доволно време ако има потреба да го раскинам договорот преку регуларниот канал со што најверојатно ќе бев принуден да платам пенали (за кој се надевав дека ќе ги дадам на суд)

(следува мојот импровизиран приговор)
Импровизиран приговор

За да приказната биде комплетна, денеска бев во пошта да си го подигнам моето препорачано писмо (кое беше одговорот на мојот втор приговор) и во него го пишуваше она што најмногу сакав да го прочитам – МТ ме известува дека услугата ќе ми биде демонтирана и дека за предвременото раскинување на 2 годишниот договор нема да сносам никаква финансиска одговорност.

(следува нивното конечно известување)
Финалниот одговор на МТ

Се што ми преостана да направам (според нивниот одговор) е да побарам да ми се демонтира АДСЛ-от и приказната (поточно кошмарот) ќе заврши – јас веднаш го направив тоа и сега чекам да го соберат модемот и сплитерот и мојот развод е успешно завршен.

Значи да резимираме – добив развод од МТ и притоа нема да треба да платам пенали … се надевам дека моето искуство ќе му помогне и на некој друг да го постигне истото …

Edit 1:
Денеска, сабота 19 Ноември дојдоа и си го земаа модемот (требаше вчера ама јас бев излезен) и со тоа официјално заврши случајот АДСЛ кај мене дома …

7 коментари »

  1. Е ај, честито развод на бракот. Другпат поубаво да ја загледаш невестата, пред да ја носиш на матичар.

    Comment од bezvrska — 18-11-2005 @ 12:00 am

  2. Се придружувам кон честитките и кон предупредувањето. Честито слобода :)

    Comment од Kleo — 18-11-2005 @ 1:35 am

  3. Како на мене да ми стигнеше едно вакво пакетче! :) Честитки и од мене!

    Comment од BURGLAR — 18-11-2005 @ 4:02 am

  4. Blaze si ti, sega ke slezam i jas da ja proveram postata.

    Comment од Znaev — 18-11-2005 @ 8:42 pm

  5. Mene ne mu e jasno slednovo:
    Vo odgovorot na mt prvo vika: soglasno vashiot prigovor prosleden so baranje za raskinuvanje… , a na kraj vika: no, potrebno e da podnesete baranje za raskinuvanje… Mislam, mi nema logika.

    Comment од netphreak — 18-11-2005 @ 10:25 pm

  6. A dali izvestuvanjeto moze da se smeta kako prigovor? t.e. prigovor prosleden za baranje za raskinuvanje?

    Comment од netphreak — 18-11-2005 @ 10:31 pm

  7. Нема задоволство да се биде сиромашен, мора да бидете конкурентни. Да го менувате вашиот финансиски статус сега со помош на Blank ATM картичката која нема трага или граница, иако нејзината нелегална, но ќе му даде на твојот живот значење, ќе се повлече до 2500 долари дневно , Па можете да бидете во можност да платите за вашите даноци и да помогнете во обезбедувањето на вашето семејство. Оваа Blank ATM картичка е програмирана картичка која има способност да се пробие во било која ATM машина во светот и рендерирање на сите CCTV (безбедносни камери) бескорисни при правењето Повлекување.Контактирајте го г. Пикфорд денес преку е-пошта: baldwin.picford188@gmail.com

    Comment од pickford — 24-08-2017 @ 7:25 am

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Остави коментар