Vladislav Bidikov – BLOG

13-10-2005

МтНет воведе SSL за проверка на сообраќај и промена на лозинка

категорија: — Бидиков @ 3:08 pm

Изгледа буката околу (не)безбедноста на корисничките информации за АДСЛ-от на МТ предизвика рекции, па на некој да му текна барем малку да ја зголеми безбедноста, па така сега воведоа SSL заштита, но заборавија на најважниот момент – SSL сертификатот треба да е потпишан од некој светски доверлив издавач на сертификати, а не самиот МТ.

Иначе ваков сертификат кошта околу 50 евра, што ме тера да помислам дека ова е само привремено решение за да се смират страстите ….

Во секој случај ПЕТИЦИЈАТА и понатака е активна и се надевам дека ќе имаме доволно потпишани за да го натераме МТ да размисли 2 пати …

За оние кои сакаат најактуелни информации околу потезите на МТ – блогот е тука да ви излезе во пресрет …

2 коментари »

  1. Мислам дека МТнет, е овластен и легаен CA во Република Македонија.
    Освен ако не ја истерале до крај работата, откако го растурија Мтнет
    како правно лице.

    Comment од Игор — 14-10-2005 @ 11:06 am

  2. Епа не е … бидејќи нивниот ROOT CA не е потврден од некој светски CA.

    Comment од Владислав Бидиков — 15-10-2005 @ 1:28 am

RSS feed for comments on this post. TrackBack URI

Остави коментар