Vladislav Bidikov – BLOG

2-09-2004

Се што изгледа добро на хартија, не работи во пракса

категорија: — Бидиков @ 5:25 pm

Појавата на мали компјутерски мрежи во многуте Скопски згради стана карактеристична за нашето поднебје уште пред неколку години.
Сличен беше случајот и во мојата зграда. Најпрво имаше само 2 компјутери во мрежата и немаше потреба од свич, но набрзо мрежата порасна и појавата на ваков уред стана неминовна. За на крај, после 2 години, стариот уред стана тесен па требаше да се додаде уште еден.

Сметајќи дека во нашиот случај не е најважно уредот да биде од познат производител и поради неколку специфични барања кои ги очекувавме од уредот се решивме за уред од фирмата StLab, кој според спецификациите на хартија ги задоволуваше нашите потреби.
Уредот беше купен, а после едно неделно експлоатирање почнаа проблемите!

Првата работа која ја забежав кога го отпакував уредот беа неговите мали димензии и немањето на добар систем за ладење. Прво што помислисв е дека уредот најверојатно не создава голема температура и дека нема потреба од некое специјално ладење.
Изглед на уредот
Но, после неколку неделна употреба забележав една аномалија. Ако на свичот има закачено повеќе компјутери тогаш тој почнува рапидно да ја зголемува неговата температура, што пак придонесува да се појави големо каснење на пакетите, намален трансфер и појава на исфрлени пакети.
Секако ова е најприметливо во случаите кога низ мрежата транзитираат големи датотеки. Ова откритие ме примора да ја откажам планираната надградба на мојот стар хаб од TrendNet и да продолжам да ги користам и двата уреди паралелно.

Но, проблемите се проширија! Неколку денови откако почна новиот свич да биде постојано активен и релативно оптеретен со сообраќај забележав дека некогаш се случува иситиот да се закочи на неколку секунди (најверојатно поради проблеми на хардверско ниво). За да биде катастрофата уште поголема во моментите додека корисниците на овој свич чекаат да се одглави истиот (времето за оваа операција траеше не повеќе од 30 тина секунди) се случуваше да се заглави и хабот (најверојатно поради тоа што двете уреди беа меѓусебно поврзани со кабел). Исто така евидентна беше појавата на моментално откачување и закачување на сите корисници на хабот (кое се манифестира како мометално пријавување за откачен мрежен кабел) во моментите кога протокот на податоци низ свичот ќе достигне критична вредност.

Во неколкуте обиди да го решам проблемот со свичот успеав до доволно ладење да го елиминирам ефектот на закочување на уредот, но проблемот со моменталните откачувања и закачувања остана да постои.

Значи од ова мое не баш пријатно искуство може да се научи една многу важна лекција за хардверот, а тоа е дека секогаш мора да се користат добро проверени произведувачи и што е уште поважно добро проверени модели на хардвер. Иначе може да ни се случи да имаме најразлични проблеми и никогаш да не ги откриеме.

No Comments

Нема коментари.

RSS feed for comments on this post.

Sorry, the comment form is closed at this time.