Vladislav Bidikov – BLOG

19-01-2005

Почеток на новата година

категорија: — Бидиков @ 11:19 am

Знам, дека обично ваквите текстови се пишуваат на почетокот на првиот месец од годината, но јас сум познат по каснење и еве ги моите анализи.

За да не се повторуваме за некои области препорачувам да ја читнете пораката на Дамјан, а за оние прашања кои директно ме засегаат следи кусо опразложение (читај: оправдување).


Прво, сите ќе ми замерат за оние текстови кои веќе ветив дека ќе ги објавам – но жалната вистина е што тоа нема да се случи. (што да се прави ама идејата е стара од лани :) )
Второ, сите проекти во кои сум активно инволвиран се скоро во кома – причината јасна: факултетот зема поголем замав од очекуваното.
Трето, благодарение на ефикасноста на ЕСМ сретствата наменети на нов хардвер отидоа за нов UPS систем.

Затоа се надевам дека годинава ќе биде поуспешна од претходната, со многу повеќе завршени проекти, кило положени испити, многу слободен софтвер, малку рокнат хардвер, конечно унифицирање на локализацијата, и секако станрадното: многу здравје, среќа и добар љубовен живот :)

Let the source be with you – always!!!

No Comments

Нема коментари.

RSS feed for comments on this post.

Sorry, the comment form is closed at this time.