Vladislav Bidikov – BLOG

20-12-2004

Убаво е да живееш во Македонија

категорија: — Бидиков @ 2:13 pm

Знам дека „ветив“ дека нема да пишувам нови постови до крајот на годината, но се случи нешто на кое морам да му посветам внимание.
Сите знаеме како е состојбата со телефоните и со останатите основни метарјални ресурси (парно, вода, струја) и како особено квалитетната струја е основен услов за правилно функционирање на секој компјутерски систем.
Иако во Македонија струјата и не е некоја константа (читај: често снемува струја) сепак барем кај мене дома тоа досега не беше проблем. Меѓутоа оваа зима почнаа проблемите. Покрај честите снемувања на струја поради приклучување на околните „стамбени палати“ почна да се случува често да има флуктуации во струјата (читај: да трепка како лајт шоу) и тоа се одрази на мојот компјутерски систем.
За жал првата (и се надевам последна) жртва веќе падна: тоа беше едниот хард драјв од 1.8 ГБ со РедХат 9. Жално е што после 14 години поминати во најголеми малтретирања да се расипе од најобично трепнување струја. (исто како што пред многу векови комарец го заебал Александар Македонски кога го освојувал светот :( )

Епа што ќе каже на ова нашата Влада? Што ќе кажат новинарите ? Што ќе каже ЕСМ ?
Јас знам што ќе им кажам: Одете во три п**** м*******!

1 коментар

  1. Тооо Бидик те подржувам тотално

    Comment од Vasko — 20-12-2004 @ 6:26 pm

RSS feed for comments on this post.

Sorry, the comment form is closed at this time.