Vladislav Bidikov – BLOG

29-11-2004

По ѓаволите и морските длабочинии (алиас: леле мразам кога ќе се појават проблеми)

категорија: — Бидиков @ 9:11 pm

Денеска Марфи повторно работеше прекувремено!!
Таман си реков еве еден нормален ден кој ќе го поминам лежејќи работите станаа пекол.
Прво сабајле „паметните“ од ЕСМ решија да ја гасат струјата неколку пати – па неможев да се наспијам од алармите на 4-те куќишта кои ми се во соба.
Таман пак заспав, почна тоа мобилниот да ме вади од такт – уште кога на тоа ќе се додаде хроничната ненаспанаст и напорниот ден вчера јасно е дека денов ќе биде лош и полн се нервози.

Не ни успеав да го испијам утринското нес-кафе кога ми се јави татко ми да ме информира дека системот за греење паднал во кома. Најлошото беше тоа што то је единствениот систем со Windows и сега ќе треба да правам секакви заврзлами за да го вратам во живот.
Пола ден го оставив таму и конечно околу 13 часот тргнав накај дома.
Не ни стигнав да влезам во мојата соба кога телефонски ми јавија дека на еден од рутерите на Гајтанлесс потворно имаме проблеми со РАМ-от. Таму потрошив неколку саати.
На крај целиот измалтретиран дојдов дома околу 16 часот.

Сега ќе удрам еден туш, па ќе одам некаде на кафе за да малце си го одморам мозоков :)

No Comments

Нема коментари.

RSS feed for comments on this post.

Sorry, the comment form is closed at this time.