Vladislav Bidikov – BLOG

26-11-2004

Windows (98) како алатка за спасување на податоци

категорија: — Бидиков @ 1:09 am

Не ми се верува дека првпат во животот ќе го фалам некој Windows, но тукушто имав необично искуство. Пред 2 дена од непознати причини ми се оштети boot recordot (не: MBR) на една од 3-те партиции на тој диск (партицијата беше FAT32) и ниедна позната алатка не можеше да ми помогне. Кога веќе почнав да тагувам за податоците и се помирив со фактот дека ќе морам да ги враќам од последниот бекап (кој беше стар цела недела) случајно го бутирав Win98 кој го имам на компјутер за плашење испектори и кој нема ниеден драјвер инсталиран.
На мое огромно изненадување видов дека истиот без проблем ја прочита оштетената партиција. Подоцна Google ми кажа дека Win98 информациите за партициите ги чита од партиционата табела, за разлика од Win2000 и нагоре, кои зависат од гореспоменатите полиња на почетокот на секоја партиција.
После 2 часови копирање на податоците на другите партиции, форматирање на дотичната партиција и враќање назад на нивното првобитно место операцијата заврши без проблеми.
Единствен проблем што произлезе е тоа што премногу ги фрагментирав другите партиции, но тоа лесно се решава со добра дефракментациска алатка :-).

No Comments

Нема коментари.

RSS feed for comments on this post.

Sorry, the comment form is closed at this time.