Vladislav Bidikov – BLOG

17-11-2004

Fedora Core 3 – преглед

категорија: — Бидиков @ 2:32 am

Еве еден брзински преглед на Федора 3:
(знам дека ветив дека ќе биде објавен побрзо ама некоја мрза ме фати деновиве :) )

Исталацијата помина многу подобро и побрзо од Федора 2. Сеуште немав прилика да пробам надградба од претходна верзија, ама ќе го пробам и тоа викендов.
Решен е и проблемот со dual-boot и багот со небутирање од SATA кај некои плочи.

Едиствено што приметив на прв поглед е што при креирање на датотеки преку графичката околина не ги прикажува веднаш туку треба Ctrl+R (Refresh). Ова најверојатно е проблем со fam и треба да видам дали може да се реши со надградба на тој rpm пакет.

Во однос на локализацијата на Македонски: таа е скоро комплетна, но сеуште треба да се допеглаат преводите (ако некој има слободна пегла дома нека повели) за да имаме една многу солидна линукс дистрибуција на македонски.

Знам дека прегледов и не е нешто многу прегледен ама ќе го досредам наскоро, морам прво да средам импресии нели .. :)

1 коментар

  1. Федора сега наместо ФАМ користи Гамин (http://www.gnome.org/~veillard/gamin/), па види со тоа наместо да луташ по РПМ архивите на ЦД -ата барајќи го ФАМозниот ФАМ.

    Comment од Златко Трајчески — 17-11-2004 @ 3:40 am

RSS feed for comments on this post.

Sorry, the comment form is closed at this time.