Vladislav Bidikov – BLOG

8-11-2004

IRQ и Windows/Linux

категорија: — Бидиков @ 11:13 pm

Деновиве се малтретирам со проклетите IRQ и проблемите кои се јавуваат кога два до три уреди го делат истиот. Исто така сватив дека Windows е тотално неспособен правилно да ги распореди, а нејќе ни да чуе за помош.
Од друга страна Linux се снајде одлично и единствено кога енкодирав од ТВ картицата се осеќаше благо оптеретување на системот :-)

За оние кои ги интересира Windows беше толку „паметен“ што на ист IRQ ги постави графичката, мрежната, звучната, ТВ картата и сите 6 USB порти. Вистинска катастрофа!!!
Линуксот беше далеку подобар: он на ист IRQ ги остави само ТВ картицата и звучната.

Баш ме интересира колку Shorthorn (читај:Longhorn) ќе биде „попаметен“

1 коментар

  1. Ако процесорот/матичната ти подржува APIC (advanced programable interrupt controler) пробај да го искористиш. На мојот Linux секој уред си е на посебен IRQ, а најголемиот IRQ кој се користи е 23 (не знам колку точно е максимуот). Кај стариот PIC максимумот е 15.

    Comment од дамјан — 10-11-2004 @ 7:29 pm

RSS feed for comments on this post.

Sorry, the comment form is closed at this time.