Vladislav Bidikov – BLOG

10-10-2004

Нека биде темнина – Windows

категорија: — Бидиков @ 11:22 pm

Текстов требаше да го објавам уште вчера, но способноста на Windows да издржи најпросто снемување на електрична енергија е чиста нула.
Проблемите почнаа вчера (технички: денес) околу 1 часот по полноќ. Веќе трет ден по ред, вечерта електричната енергија правеше проблем. Претходните два дена тоа се случуваше околу 5 часот по полноќ па и не беше толку страшно зошто тоа време не работам на компјутер. Но, ова вчерашното (денешното) беше проблем.

Додека отидов да си наполнам сок, снема електрична енергија. Ај тоа што се изгаси кластерот сервери што работи под линукс не ме секираше. Она од што се плашев беше работната станица под Windows 2000. Покрај тоа што на неа имаше важни податоци, истата не е нешто извонредно снаодлива кога станува збор за кратки шокови предизвикани од снемување на електрична енергија. Оваа „убава“ особина е секако наследена од „прекрасниот“ оперативен систем кој за жал сеуште мора да ја мачи машината (н.з: Да не знае некој алтернатива на Autocad 2004 за линукс?) и да предизвикув најразлични компликации.
Откако повторно дојде електричната енергија, решив да ја реактивирам машината.
Ме чекаше изненадување! Оперативниот систем тотално полуде и скоро 45 минути правеше тестови на дисковите од 80 GB. Потоа откако „откри дека се е во ред“ уште 30-тина минути се занимаваше со некои непотребни тропања, сецкања, пиштења и вриштења. Нејќам да споменам што се случи до документит кој беа снимени, но отворени во моментот кога снема електрична енергија. Од нив само еден беше здрав.

Вистинска катастрофа.

Како за споредба двата Линукс сситеми од кластерот што го спомнав погоре после точно 40 секунди (време потребно за нормално бутирање) беа целосно оперативни.
Нека ми дојде сега некој од маркетинг на Microsoft и нека ми каже како тоа Windows бил стабилен, доверлив, брз, ефикасен и уште десет други епитети кои за Windows ги нема.

Дополнување:
Мислите дека Windows XP е нешто подобар?? Се лажете!!! Комшијата денеска цел ден реинсталира Windows XP затоа што после извештајот дека „се е во ред со неговата NTFS партиција“, истата повеќе ја нема. Воопшто не вреди да коментирам што се случило со подаците!!!

No Comments

Нема коментари.

RSS feed for comments on this post.

Sorry, the comment form is closed at this time.