Vladislav Bidikov – BLOG

30-09-2004

Spamassassin во G-mol

категорија: — Бидиков @ 11:58 pm

Подолго време бев среќен корисник на верзија 2.6x верзија на овој омилен систем за борба против спам, но ете излезе првата верзија од новиот дом на Spamassassin (оној во фондацијата на Apache). Бидејќи верзијата беше најавувана дека ќе има многу новини (станува збор за верзија 3.0) решив да го пробам.

Процесот на инсталација помина без проблеми и се што требаше да направам е минимална промена во конфигурациската датотека. После 3-5 минути ја имав новата верзија активна.
Интересно е да се напомене дека новата верзија има и можност да ограничи број на подпроцеси со што се намалува можноста програмот да ја исцица целата РАМ меморија. Исто евидентна е намалената опутреба на меморија од околу само 2,4 мегабајти по процес.

Сите кои досега не ги виделе благодетите на Spamassassin веднаш да го инсталираат!

2 коментари

  1. Е добро, се откорнав од слушање за спам ассасин,
    ај сеа просветли ме што е подобар спам ассасин
    во однос на џанк маил филтерот на мозила тандербрд ?

    Comment од Riste Pejov — 4-10-2004 @ 8:58 am

  2. Види, генерално се е прашање на вкус. Мојот емаил систем е во 3 степени.
    Прво spamassassin на сервер чисти тоа што е спам и го става по посебен фолдер. Потоа користам POPFile па сите останати пораки ги поминувам низ него – маркирајќи ги оние што се спам. На крај Tunderbird овие пораки ги префрла во фолдер Junk Mail, и плус ги проверува сите останати.
    Како резултат немам ниедна спам порака после завршување на овој процес.

    Comment од Владислав Бидиков — 4-10-2004 @ 1:05 pm

RSS feed for comments on this post.

Sorry, the comment form is closed at this time.