Македонија рај за црвот наречен - Conficker
Немам пишано подолго време пост на блогот - сметав дека нема доволно добра причина се до денеска.
Компјутерот на брат ми имаше неколку чудни испади минатава недела. Бидејќи домашната мрежа е доста обезбедена не се сомневав во можност проблемот да дошол преку интернет конекцијата, но сепак знаејќи колку виндоус ХП е небезбеден оперативен систем, сеуште главниот сомнеж беше дека станува збор за некој вирус. Следеа низа проверки и на крај го најдов виновникот - името му е Conficker и тоа најновата верзија B++.
На крај следеше моментот на ужас - најдов доста прецизен извештај како функционира вирусот и иако како програмер се зачудив и воодушевив од некои од алгоритмите кои ги користи вирусот - друг податок тотално ме изненади: во Македонија досега ИМА 52.385 (бројка од 21 февруари 2009) инфицирани компјутери со оваа напаст.
СТРАШНО!!! - Ова е причина плус зошто е добро користењето на Слободен софтвер!
П.С:
После точно 1 година ова е прв пост на блогот кој сега вози WP 2.7.1












