Vladislav Bidikov – BLOG

6-09-2007

Преземено: Споредба на македонските “flatrate” интернет пакети

категорија: — Бидиков @ 11:26 pm

(споредбата ја направи Овердрајв од Кајгана – овде е преземена поради статистички причини)

Со излегувањето на новите пакети од сите поголеми провајдери дојде време да се направи мала споредба.. засега само “на хартија”, зашто рано е за практична споредба. Земени се најјаките пакети за физички лица од секој провајдер.

Напомена: Технички, сите пакети нудат неограничен интернет во однос на тоа колку може да се симне.. нема одредена граница после која провајдерите “ја затвораат славината” (со жаргон на ОнНет).

Роби (Телекабел, Теленет, МОБИ..):

  • БРЗИНА: 4096/512 Kb до 3 GB, 2048/512 Kb до 6 GB, 1024/256 Kb до крајот на месецот
  • ДОГОВОР: нема временски ограничен договор
  • ОПРЕМА: кабелски модем Motorola Surfboard (4200E/5100Е/5101E), купен или од ТК (2000/3000 ден.) или од друго место
  • СИГУРНОСТ: далеку поголема сигурност од останатите – нема username/password (нема можност за крадење интернет)
  • ЦЕНА: 1500 ден./месечно
  • ОСТАНАТО: статична адреса; upload не се брои (одлично за торенти)

МТ-Нет:

  • БРЗИНА: 2048/256 Kb до 100 GB, 64/64 Kb до крајот на месецот
  • ДОГОВОР: една година или на неопределено време
  • ОПРЕМА: DSL модем од МТ (1800 ден.) или од друго место
  • СИГУРНОСТ: username/password, голема можност за крадење на интернет од страна на останати корисници
  • ЦЕНА: 1887 ден./месечно за неопределено време, 1651 ден./месечно за една година
  • ОСТАНАТО: динамична адреса (одлично за шеринг сајтови како Rapidshare)

ОнНет:

  • БРЗИНА: 2048/256 Kb до крајот на месецот
  • ДОГОВОР: една година
  • ОПРЕМА: бесплатен DSL модем од ОнНет или од друго место
  • СИГУРНОСТ: username/password, голема можност за крадење на интернет од страна на останати корисници
  • ЦЕНА: 1758 ден./месечно
  • ОСТАНАТО: динамична адреса (одлично за шеринг сајтови како Rapidshare); доплаќање 106 ден./1 GB над 100 GB (нема намалување на брзина)

Ај сега малку математика.. ако се земат максималните теоретски брзини, под претпоставка дека има пуштено download 24/7 и врската не паѓа ниту една секунда (за ТК не се смета upload во лимитите, ама тука е земен):

Роби (Телекабел, Теленет, МОБИ..):

  • Вкупен максимален теоретски проток: 4608 Kb (576 KB/s), 2304 Kb (288 KB/s), 1280 Kb (160 KB/s)
  • Трошење на лимитот (3 GB/6 GB) со соодветната брзина за: 1.5 h/3 h
  • Максимален теоретски трансфер во остатокот од месецот: 392 GB
  • Максимален вкупен месечен трансфер: 398 GB
  • Цена: 1500 ден.

МТ-Нет

  • Вкупен максимален теоретски проток: 2048 Kb (288 KB/s), 128 Kb (16 KB/s)
  • Трошење на лимитот (100 GB) со соодветната брзина за: 101 h
  • Максимален теоретски трансфер во остатокот од месецот: 34 GB
  • Максимален вкупен месечен трансфер: 134 GB
  • Цена: 1887 ден./месечно за неопределено време, 1651 ден./месечно за една година

ОнНет

  • Вкупен максимален теоретски проток: 2048 Kb (288KB/s)
  • Трошење на лимитот (101 GB) со соодветната брзина за: 102 h
  • Максимален теоретски трансфер во остатокот од месецот: 610 GB
  • Максимален вкупен месечен трансфер: 711 GB
  • Цена: 1758 ден. + 64660 ден. доплаќање за останатите 610GB

Да повторам уште еднаш – ова е ако се остави компјутерот уклучен 24/7 и конекцијата се искористува до последниот бит цело тоа време. Вредностите погоре се само теоретски и се разликуваат од практичните вредности (дали многу или малку зависи од провајдерот).

Читнете, размислете, пресметајте и сами, па на кој како му одговара..