Vladislav Bidikov – BLOG

27-01-2007

Искуства од 3 месечното користење на Федора 6

категорија: — Бидиков @ 1:27 pm

Поминаа околу 3 месеци откако кај еден мој пријател на тест инсталирав Fedora Corе 6 во обид да пробам колку просечниот корисник може да се снајде на линукс оперативен систем во своите секојдневни активности (сурфање, проверка на пошта, гледање филмови, слушање музика и сл.)

Најпрво неколку забелешки околу процесот на инсталација – инсталацијата одеше сосема едноставно (бидејќи немаше dualboot потреба беше само кликање на Next, Next, Install) и буквално не ни стигнавме да го испиеме кафето а инсталацијата веќе заврши.

После првиот (и единствен ресет таа вечер) системот се подигна и се беше во најдобар ред – целиот хардвер работеше (звучна, кабелски интернет, усб уреди, принтер, …) единствено недостасуваше подршка за неколку аудио и видео кодеци како и драјверот за графичката карта – работа која се среди за неколку минути благодарение на одличните упаства кои можат да се најдат на интернет и една алатка за графичка инсталација на дополнителни пакети и драјвери (на која за жал во моментов на пишување на текстот не ми текнува – ќе ја допишам дополнително)

Од тогаш еве скоро 3 месеци корисникот без проблем ги извршува сите свои редовни активности кои претходно ги правеше на Windows и нема апсолутно никаков проблем.
Единствената лекција која мораше да ја научи е опцијата „Save As …“ во Опенофис за да може на остатокот од светот да им праќа документи во MS Office формат.

Според она што можам да го заклучам е дека за т.н Home/Small office употреба линукс дистрибуциите веќе стануваат навистина зрели и многу прифатливи за секој корисник без разлика на неговото ИТ знаење – единствена област во која сеуште ситуацијата е доста сива е областа на компјутерските игри …

Секако ова лесно би се променило доколку излезе WOW за линукс – нели :)