Vladislav Bidikov – BLOG

30-12-2005

Последниот пост во 2005

категорија: — Бидиков @ 12:00 pm

Искрено немав намера да пишувам ама бидејќи овој пост најверојатно ќе биде последниот на еден подолг период од 2 месеци (освен честитката за 2006 која треба да биде автоматски објавена) во кој можно е да го преселам блогов на некоја друга локација и да го проширам со поопшти теми, решив да Ви кажам неколку информации и да направам куса ретроспектива на изминатава година…

Одиме по ред – прво за причината околу моето (не)пишување наредните месец-два – причината е од практична природа: едноставно нема да имам време бидејќи спремам доста испити за нареднава сесија, а потоа одам добри 2-3 недели на скијање.

Сега е време да направиме куса ретроспектива на интересните настани во 2005:

  • Успешна локализација на OpenOffice 2 и уште еден преведувачки маратон
  • Локализација на Мозила пакетот
  • Се популаризира Убунту линукс
  • Многу интересни случки во Линукс светот (за кои пренесоја моите пријатели)
  • Мт-Нет го воведе лимитот за сообраќај на АДСЛ-от
  • ОнНет објави понуда за бежичен интернет
  • Кабелксите оператори почнаа да нудат сериозни интернет пакети
  • и други интересни случувања во Македонија и пошироко …

Што очекувам во 2006:

  • Уште подобра интернет понуда
  • Повеќе слободен софтвер
  • Либерализација на телкомуникациите
  • Успешни студии на ЕТФ
  • Сите неостварени желби да станат стварност

За крај, се читаме во 2006!