Последниот пост во 2005
Искрено немав намера да пишувам ама бидејќи овој пост најверојатно ќе биде последниот на еден подолг период од 2 месеци (освен честитката за 2006 која треба да биде автоматски објавена) во кој можно е да го преселам блогов на некоја друга локација и да го проширам со поопшти теми, решив да Ви кажам неколку информации и да направам куса ретроспектива на изминатава година…
Одиме по ред - прво за причината околу моето (не)пишување наредните месец-два - причината е од практична природа: едноставно нема да имам време бидејќи спремам доста испити за нареднава сесија, а потоа одам добри 2-3 недели на скијање.
Сега е време да направиме куса ретроспектива на интересните настани во 2005:
- Успешна локализација на OpenOffice 2 и уште еден преведувачки маратон
- Локализација на Мозила пакетот
- Се популаризира Убунту линукс
- Многу интересни случки во Линукс светот (за кои пренесоја моите пријатели)
- Мт-Нет го воведе лимитот за сообраќај на АДСЛ-от
- ОнНет објави понуда за бежичен интернет
- Кабелксите оператори почнаа да нудат сериозни интернет пакети
- и други интересни случувања во Македонија и пошироко …
Што очекувам во 2006:
- Уште подобра интернет понуда
- Повеќе слободен софтвер
- Либерализација на телкомуникациите
- Успешни студии на ЕТФ
- Сите неостварени желби да станат стварност
За крај, се читаме во 2006!













