Vladislav Bidikov – BLOG

1-11-2005

Знам дека го тупам со АДСЛ-от, ама сепак неможев да се воздржам …

категорија: — Бидиков @ 3:03 pm

Две интересни случки ме натераа да пишам пак за минатото – АДСЛ-от на МТ …

Следново нешто го видов во Дневник на 12 страна – штета што поради обврски неможев да му оддадам јас последна почит на мојот мил АДСЛ – нека му е лесен модемот на тој што ќе го наследи:
Помен за АДСЛ

Додека јас спасив жива глава од крадење еве што му се случи на еден колега – кликнете на сликата да видите што ти значи АДСЛ
Што се вика АДСЛ

Една проста калкулација за горнава сума:
4471МБ за 13 саати – тоа значи 343МБ за еден саат – што пак значи 5.73МБ во минута – што пак значи 95КБ (да килобајти) во секунда што пак значи дека другаров има 760 килобита конекција … хммм 760 килобита конекција на maxАДСЛ …
Нешто не штима … ЕПТЕМ НЕ ШТИМА !!!!