Vladislav Bidikov – BLOG

19-10-2005

Значи овој спајдерот на pogodok.com.mk жива досада е

категорија: — Бидиков @ 9:52 pm

Гледам и други (поточно: Стојмир) си имаат мака со новиот пребарувач (кој ми личи на најнеоптимизираното парче софтвер во животот).

Јас проблемот го решив брутално – целата класа на адреси морав да ја банирам бидејќи 5 дена чекав одговор (и сеуште чекам) на прашањето зошто нивниот „најдобар во свет“ спајдер ми троши цел МЕГАБИТ од мојот сервер …

Значи дефинитивно овој пребарувач не го препорачувам на никого …

Што всушност бараат АДСЛ корисниците, а што можеби ќе добијат

категорија: — Бидиков @ 4:18 pm

Еве скен од Дневник во кој се пренесуваат барањата на АДСЛ корисниците:
АДСЛ Реакција

На другиот фронт – Мобимак реши да промовира нова услуга која треба да им понуди бежичен интернет.
Еве скен и од тоа:
Мобимак ќе нуди бежичен интернет