Vladislav Bidikov – BLOG

7-10-2005

Што се случување со интернетот вчера

категорија: — Бидиков @ 3:54 pm  (Mood: sad)

Најверојатно веќе сите приметивте, но вчера имаше хаос во интернет мрежата на Македонија. Денеска ситуацијата е подобро – иако сеуште Интернетов КУЦА НА ЕДНА НОГА!
Имено засега неидентификувани лица предизвикале целосно задушување на мрежата на МТНЕТ кон остатокот на светот, како и проблеми при достапноста на 3-те главни ДНС сервери на МТНЕТ. Причините за нападот се непознати, иако има повеќе шпекулации и обвинувања он различните засегнати страни.

МТнет тврди дека некој незадоволен корисник од воведувањето на новиот тарифен систем за АДСЛ услугата го иницирал нападот, додека многу АДСЛ корисници сметаат дека ова е вештачки создадена состјба за да се најде правна причина да се протне новиот тарифен систем. Моето лично мислење дека поверојатно е првото сценарио …

Инаку како и секогаш нашите новинари „совесно“ си ја вршат работата и „правилно“ пренесуваат информации за настанот ..
Така, има некои кои сметаат дека проблемот бил локален (види: Дневник), другите „стручно“ дале детален опис на проблемот со ДНС (за неупатените: DNS=domain name system) системот (види:Вест) и третите кусо, но концизно кажале што бил проблемот :) (види: Време).

На крај совет за новинарите (со исклучок на тие од Време) – дечки под хитно да побарате курс за истражувачко новинарство … иначе ништо од вашето новинарство!!!