Vladislav Bidikov – BLOG

4-10-2005

Нема веќе АДСЛ – за инат …

категорија: — Бидиков @ 7:22 pm  (Mood: sad)

Жалосно е кога човек нема друг избор, па ќе посегне и по најпотребното – потребата за информација.

Постои 99% веројатност дека на 12 октомври ќе го откажам АДСЛ-от. Причината веќе ја спомнам – поточно ја начнав. Проблемот не е во фактот што 4 гигабајти се малку туку е во проблемот што некој сака да ме краде сред бел ден…

Еве зошто ќе откажам АДСЛ:

  1. Ми се тарифира сообракајот кон македонските провајдери – нешто што на МТНЕТ му е БЕСПЛАТНО
  2. Бројачот кој „тарифира“ е некоја глупава измислица на некој тотално неинформиран тип (програмерче без ронка мозок и способност за размислување) е толку непрецизен што човек да не знае дека има 384/128 линк ќе помисли дека има 4 мегабита. Тотален нонсенс, и згора на тоа они според тој „бројач“ планираат да ми наплаќааат – е СТЕ СЕ ЗАЕБАЛЕ МИЛИ МОИ!!! Секаде во светот де користат сертицифирани системи за оваа намена – ама овде на мала врата некој ќе ми протнува некој тоотлано непрецизен систем. Тоа фрустрира …

Иначе ако господата од МТ се желни за одредена сума пари (читај: 2 милиони денари годишно*) можам да им дадам на користење прецизен систем за мониторинг на сообраќај со кој корисниците ќе бидат сигурни за секој нивни БИТ!

*Цената ја барам од една причина – поради претрпени психички трауми од тетките кои ме анкетираат за тоа колку им е „добар“ АДСЛ-от.