Vladislav Bidikov – BLOG

27-10-2005

З’ш не пишувам на блогот веќе неколку денови …

категорија: — Бидиков @ 10:50 pm

Епа искрено ништо ново нема од МТ (што беше една од најактуелните теми изминатиот месец) они се на нивното – ние понатака мораме да бараме излез кој како знае …

Иначе, пред два дена, повторно МТ(нет) беше нападнат, ама овојпат и ОнНет и изгледа и Сонет … и сеуште се прават анализите кој што и како сакал да постигне со нападот, но едно е јасно македонските интернет корисници (кои се во се помал број) јасно ги чуствуваа последиците …

За крај – се моли среќниот пронаогач на Elcon USB ADSL модем да се јави на рецепција … за да му дадам совети за негово правилно користење :)

19-10-2005

Значи овој спајдерот на pogodok.com.mk жива досада е

категорија: — Бидиков @ 9:52 pm

Гледам и други (поточно: Стојмир) си имаат мака со новиот пребарувач (кој ми личи на најнеоптимизираното парче софтвер во животот).

Јас проблемот го решив брутално – целата класа на адреси морав да ја банирам бидејќи 5 дена чекав одговор (и сеуште чекам) на прашањето зошто нивниот „најдобар во свет“ спајдер ми троши цел МЕГАБИТ од мојот сервер …

Значи дефинитивно овој пребарувач не го препорачувам на никого …

Што всушност бараат АДСЛ корисниците, а што можеби ќе добијат

категорија: — Бидиков @ 4:18 pm

Еве скен од Дневник во кој се пренесуваат барањата на АДСЛ корисниците:
АДСЛ Реакција

На другиот фронт – Мобимак реши да промовира нова услуга која треба да им понуди бежичен интернет.
Еве скен и од тоа:
Мобимак ќе нуди бежичен интернет

15-10-2005

Одлуката на МтНет

категорија: — Бидиков @ 1:38 am  (Mood: smile)

Еве во продолжение ја имаме официјалната одлука на МтНет за случајот АДСЛ:
АДСЛ Одлука

Сепак остануваат отворени повеќе прашања – дел од нив се дадени овде.

Секако ова не значи дека ако добивме една битка ја добивме војната – сеуште останува да видиме што ќе каже ОПМ и каков ќе биде исходот од ПЕТИЦИЈАТА.

14-10-2005

Мојата омилена слика деновиве …

категорија: — Бидиков @ 5:34 pm

Еве ја мојата омилена сликичка деновиве:
Револуцијата ќе биде успешна ...

Инаку добрите новости се дека Телеком полека почна да попушта … како ќе се заврши останува да видиме …

13-10-2005

МтНет воведе SSL за проверка на сообраќај и промена на лозинка

категорија: — Бидиков @ 3:08 pm

Изгледа буката околу (не)безбедноста на корисничките информации за АДСЛ-от на МТ предизвика рекции, па на некој да му текна барем малку да ја зголеми безбедноста, па така сега воведоа SSL заштита, но заборавија на најважниот момент – SSL сертификатот треба да е потпишан од некој светски доверлив издавач на сертификати, а не самиот МТ.

Иначе ваков сертификат кошта околу 50 евра, што ме тера да помислам дека ова е само привремено решение за да се смират страстите ….

Во секој случај ПЕТИЦИЈАТА и понатака е активна и се надевам дека ќе имаме доволно потпишани за да го натераме МТ да размисли 2 пати …

За оние кои сакаат најактуелни информации околу потезите на МТ – блогот е тука да ви излезе во пресрет …

9-10-2005

Google Reader – време е сите feed-ови да одат на едно место

категорија: — Бидиков @ 8:46 pm

Иновациите на Google немаат крај – последното нешто од нивните лабаратории е т.н Google Reader кој ги чита вашите омилени feed-ови и ги прикажува на многу предледен начин – за повеќе повелете овде

Иначе успешно си ги увезов моите feed-ови и веќе неам намера да го палам гломазниот програм за оваа намера …

Петиција против новите услови на АДСЛ на МтНет

категорија: — Бидиков @ 8:23 pm

Еве конечно и петиција против обидот на МтНет да не намести на новиот систем за крадење, пардон, мислев тарифирање. За сите заинтересирани еве го линкот.

Инаку, еве го и приговорот против овој потег на МтНет:

За повеќе детали околу организираното раскинување договори видете ОВДЕ