Vladislav Bidikov – BLOG

20-12-2004

Убаво е да живееш во Македонија

категорија: — Бидиков @ 2:13 pm

Знам дека „ветив“ дека нема да пишувам нови постови до крајот на годината, но се случи нешто на кое морам да му посветам внимание.
Сите знаеме како е состојбата со телефоните и со останатите основни метарјални ресурси (парно, вода, струја) и како особено квалитетната струја е основен услов за правилно функционирање на секој компјутерски систем.
Иако во Македонија струјата и не е некоја константа (читај: често снемува струја) сепак барем кај мене дома тоа досега не беше проблем. Меѓутоа оваа зима почнаа проблемите. Покрај честите снемувања на струја поради приклучување на околните „стамбени палати“ почна да се случува често да има флуктуации во струјата (читај: да трепка како лајт шоу) и тоа се одрази на мојот компјутерски систем.
За жал првата (и се надевам последна) жртва веќе падна: тоа беше едниот хард драјв од 1.8 ГБ со РедХат 9. Жално е што после 14 години поминати во најголеми малтретирања да се расипе од најобично трепнување струја. (исто како што пред многу векови комарец го заебал Александар Македонски кога го освојувал светот :( )

Епа што ќе каже на ова нашата Влада? Што ќе кажат новинарите ? Што ќе каже ЕСМ ?
Јас знам што ќе им кажам: Одете во три п**** м*******!

3-12-2004

Обврски до крајот на годината

категорија: — Бидиков @ 12:25 pm

Знам дека ви должам два до три текстови за хардвер, но можно е да се случи да ги добиете по нова година. Сега ме стегнаа некои обврски па незнам дали ќе имам време.
Во секој случај ќе се потрудам да бидам активен на блог колку што можам повеќе.
Иначе најново од мојата кујна е што конечно успеав да со средам компјутерот до стадиум кога ќе можам повторно да го инсталирам назад линуксот директно на хард драјв без емулатори и сл.
Ако успеам тоа да го завршам викендов ќе биде одлично. :-)

1-12-2004

ATI Radeon 9600 PRO џглаб ..

категорија: — Бидиков @ 1:40 am

Ете конечно најдов време да ја ставам новата графичка.
Не е нешто ептем најново, но сепак ќе ми брка работа наредните 3-4 години.
Иначе досега имав Geforce4 MX440, а од сега сум среќен корисник на ATI RADEON 9600 Pro.
Farcry, HL2 и Need For Speed : Underground 2 – here i come!!!
(ако наредните неколку недели не видите ништо ново на блогов сум паднал во кома од играње)
Наскоро ќе објавам и подетални тестови за графичката :-)