Vladislav Bidikov – BLOG

29-11-2004

По ѓаволите и морските длабочинии (алиас: леле мразам кога ќе се појават проблеми)

категорија: — Бидиков @ 9:11 pm

Денеска Марфи повторно работеше прекувремено!!
Таман си реков еве еден нормален ден кој ќе го поминам лежејќи работите станаа пекол.
Прво сабајле „паметните“ од ЕСМ решија да ја гасат струјата неколку пати – па неможев да се наспијам од алармите на 4-те куќишта кои ми се во соба.
Таман пак заспав, почна тоа мобилниот да ме вади од такт – уште кога на тоа ќе се додаде хроничната ненаспанаст и напорниот ден вчера јасно е дека денов ќе биде лош и полн се нервози.
(more…)

26-11-2004

Windows (98) како алатка за спасување на податоци

категорија: — Бидиков @ 1:09 am

Не ми се верува дека првпат во животот ќе го фалам некој Windows, но тукушто имав необично искуство. Пред 2 дена од непознати причини ми се оштети boot recordot (не: MBR) на една од 3-те партиции на тој диск (партицијата беше FAT32) и ниедна позната алатка не можеше да ми помогне. Кога веќе почнав да тагувам за податоците и се помирив со фактот дека ќе морам да ги враќам од последниот бекап (кој беше стар цела недела) случајно го бутирав Win98 кој го имам на компјутер за плашење испектори и кој нема ниеден драјвер инсталиран.
На мое огромно изненадување видов дека истиот без проблем ја прочита оштетената партиција. Подоцна Google ми кажа дека Win98 информациите за партициите ги чита од партиционата табела, за разлика од Win2000 и нагоре, кои зависат од гореспоменатите полиња на почетокот на секоја партиција.
После 2 часови копирање на податоците на другите партиции, форматирање на дотичната партиција и враќање назад на нивното првобитно место операцијата заврши без проблеми.
Единствен проблем што произлезе е тоа што премногу ги фрагментирав другите партиции, но тоа лесно се решава со добра дефракментациска алатка :-).

21-11-2004

lm_sensors проблем

категорија: — Бидиков @ 11:00 pm

Денеска цел ден го загубив на бркање на диви птици (вака ми дојде да ја преведам фразата: wild goose chase ..) и барајќи логичко објаснување зошто системот кој 5 години работи на линукс како саат после неколку некритични надградби почна да замрзнува чим температурата внатре во куќиштето надмине 40 степени.
Прво што помислив е дека проблемот е од хардверска природа и земав да ги тестирам компонентите една по една. Набрзо утврдив дека сите се сосема исправни. Го затворив назад куќиштето и така оставено во сред соба ги приклучив мрежните кабли и напојувањето. Кога се вратив од ручек ме дочека изненадување – системот беше целосно замрзнат, сите сервиси беа недостапни, но истиот одлично рутираше и одговараше на пинг и на двата мрежни интерфејси.
(more…)

17-11-2004

Fedora Core 3 – преглед

категорија: — Бидиков @ 2:32 am

Еве еден брзински преглед на Федора 3:
(знам дека ветив дека ќе биде објавен побрзо ама некоја мрза ме фати деновиве :) )

Исталацијата помина многу подобро и побрзо од Федора 2. Сеуште немав прилика да пробам надградба од претходна верзија, ама ќе го пробам и тоа викендов.
Решен е и проблемот со dual-boot и багот со небутирање од SATA кај некои плочи.
(more…)

11-11-2004

Излезе Fedora Core 3 – Навали народе!!!

категорија: — Бидиков @ 9:25 pm

Еве конечно со помош на благодетите на BitTorrent и јас ги имам сите 4 цд-а од најновата Федора. (која иначе излезе на 9-ти овој месец – поточно пред 2 дена)
Сеа еве ќе пуштам да се пржат- па очекувајте викендов детален текст за моите впечатоци.

8-11-2004

IRQ и Windows/Linux

категорија: — Бидиков @ 11:13 pm

Деновиве се малтретирам со проклетите IRQ и проблемите кои се јавуваат кога два до три уреди го делат истиот. Исто така сватив дека Windows е тотално неспособен правилно да ги распореди, а нејќе ни да чуе за помош.
Од друга страна Linux се снајде одлично и единствено кога енкодирав од ТВ картицата се осеќаше благо оптеретување на системот :-)
(more…)