Vladislav Bidikov – BLOG

31-10-2004

Ќе се вратам на блогов некад?

категорија: — Бидиков @ 2:13 pm

Денеска се решив на следново: ако наредните 5 дена не најдам време да напишам еден културен текст за блогов – ќе го дективирам сајтов. Не гледам цел да постои истиот ако неможам да најдам време да пишувам.

Значи ако го приметите дека сајтот е недостапен или ако дава чудни грешки – сум го убил! :)

21-10-2004

Обврски и само обврски

категорија: — Бидиков @ 1:38 am

Леле овој Марфи работи прекувремено! Таман си реков дека ќе ми остане малце време да се посветам на блогов, нагрнаа обврските на факултет, па после решив малце да асистирам околу досредувањето на локализацијата на Федора 3, за на крај да останам 10 денови без текст на блогов. Тоа ти е – судбина.
(more…)

10-10-2004

Нека биде темнина – Windows

категорија: — Бидиков @ 11:22 pm

Текстов требаше да го објавам уште вчера, но способноста на Windows да издржи најпросто снемување на електрична енергија е чиста нула.
Проблемите почнаа вчера (технички: денес) околу 1 часот по полноќ. Веќе трет ден по ред, вечерта електричната енергија правеше проблем. Претходните два дена тоа се случуваше околу 5 часот по полноќ па и не беше толку страшно зошто тоа време не работам на компјутер. Но, ова вчерашното (денешното) беше проблем.
(more…)