Vladislav Bidikov – BLOG

2-09-2004

Се што изгледа добро на хартија, не работи во пракса

категорија: — Бидиков @ 5:25 pm

Појавата на мали компјутерски мрежи во многуте Скопски згради стана карактеристична за нашето поднебје уште пред неколку години.
Сличен беше случајот и во мојата зграда. Најпрво имаше само 2 компјутери во мрежата и немаше потреба од свич, но набрзо мрежата порасна и појавата на ваков уред стана неминовна. За на крај, после 2 години, стариот уред стана тесен па требаше да се додаде уште еден.

Сметајќи дека во нашиот случај не е најважно уредот да биде од познат производител и поради неколку специфични барања кои ги очекувавме од уредот се решивме за уред од фирмата StLab, кој според спецификациите на хартија ги задоволуваше нашите потреби.
Уредот беше купен, а после едно неделно експлоатирање почнаа проблемите!
(more…)

Шминкањето заврши

категорија: — Бидиков @ 12:22 am

Еве после неколку часови „пеглање“ на CSS стиловите, изгледот на мојот нов сајт е готов. Интересно е да се каже дека моите први искуства со WordPress се одлични. Конечно можам да пишувам без да се занимавам со досадното форматирање според стандардите.

Сепак ќе ми треба малку време додека успешно ги совладам сите опции на овој прекрасен паќет.