Vladislav Bidikov – BLOG

11-05-2007

Колку навистина ext3 може да ве спаси од губење на податоци ?

категорија: — Бидиков @ 11:50 am

Марфи рекол: „Left to themselves, things always go from bad to worse.“

Марфи згрешил кога станува збор за EXT3! Вчера бев сведот како повеќето хардверски компоненти после подолго непреќинато работење развиваам сопствена интелегенција и почнуваат да работат што они ќе посакаат.

Имаме класично сценарио – просечен компјутер, со просечни компоненти, инсталиран Линукс (EXT3 фајл систем)…
(more…)

24-10-2006

Fedora Core 6 is out!!

категорија: — Бидиков @ 7:19 pm

Епа еве официјално излезе и најновата Федора – ако е се во ред ќе ги имам сите ЦД-а за едно 90-тина минути … па деновиве ќе пишам еден текст што мислам дека е старо/ново и како се одвиваше инсталацијата кај еден мој пријател кој досега нема сретнато линукс …

18-10-2006

Употреба на слободен софтвер во училиштата – Давид против Голиат?

категорија: — Бидиков @ 2:18 pm

Знам дека со самото објавување на овој текст веднаш ќе бидам ставен на нож од страна на повеќето жители на планетата и другите борци за Слободен Софтвер, но чуствувам морална одговорност да ја кажам вистинската приказна за тоа што се случува при обидите за употреба на слободен софтвер во едно средно училиште.

(more…)

19-09-2005

After-маратон

категорија: — Бидиков @ 8:10 pm  (Mood: sick)

Ете маратонот беше успешен!!!

Сега и ние имаме локализирана верзија на openoffice.org што значи ќе има уште многу работа :)

21-11-2004

lm_sensors проблем

категорија: — Бидиков @ 11:00 pm

Денеска цел ден го загубив на бркање на диви птици (вака ми дојде да ја преведам фразата: wild goose chase ..) и барајќи логичко објаснување зошто системот кој 5 години работи на линукс како саат после неколку некритични надградби почна да замрзнува чим температурата внатре во куќиштето надмине 40 степени.
Прво што помислив е дека проблемот е од хардверска природа и земав да ги тестирам компонентите една по една. Набрзо утврдив дека сите се сосема исправни. Го затворив назад куќиштето и така оставено во сред соба ги приклучив мрежните кабли и напојувањето. Кога се вратив од ручек ме дочека изненадување – системот беше целосно замрзнат, сите сервиси беа недостапни, но истиот одлично рутираше и одговараше на пинг и на двата мрежни интерфејси.
(more…)

17-11-2004

Fedora Core 3 – преглед

категорија: — Бидиков @ 2:32 am

Еве еден брзински преглед на Федора 3:
(знам дека ветив дека ќе биде објавен побрзо ама некоја мрза ме фати деновиве :) )

Исталацијата помина многу подобро и побрзо од Федора 2. Сеуште немав прилика да пробам надградба од претходна верзија, ама ќе го пробам и тоа викендов.
Решен е и проблемот со dual-boot и багот со небутирање од SATA кај некои плочи.
(more…)

11-11-2004

Излезе Fedora Core 3 – Навали народе!!!

категорија: — Бидиков @ 9:25 pm

Еве конечно со помош на благодетите на BitTorrent и јас ги имам сите 4 цд-а од најновата Федора. (која иначе излезе на 9-ти овој месец – поточно пред 2 дена)
Сеа еве ќе пуштам да се пржат- па очекувајте викендов детален текст за моите впечатоци.

30-09-2004

Spamassassin во G-mol

категорија: — Бидиков @ 11:58 pm

Подолго време бев среќен корисник на верзија 2.6x верзија на овој омилен систем за борба против спам, но ете излезе првата верзија од новиот дом на Spamassassin (оној во фондацијата на Apache). Бидејќи верзијата беше најавувана дека ќе има многу новини (станува збор за верзија 3.0) решив да го пробам.
(more…)